18.3 C
Прилеп
понеделник, 12 мај, 2025
Пела Радио

ДСЗ кампања во Прилеп „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“ (ГАЛЕРИЈА)

Под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“, Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија и ПО на ДЗС Прилеп, вечерва на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“ спроведоа едукативна кампања. Граѓаните се едуцираа како да се заштитат од пожари, за соодветно да одговорат на потребите. Потоа им беа делени прирачници за заштита од пожари, како и по едно пластично шише вода. Беше презентирана дел од опремата за справување со пожари.Дирекцијата за заштита и спасување ја реализира едукативната кампања за заштита од пожари во шуми и на други отворени простори.
Во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство веќе се преземени превентивни мерки, од март, донесена е забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП Национални шуми. Забраната ќе трае до нејзино отповикување. Намалувањето на заканите од пожари е само најава за низата кампањи кои ќе се водат под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“, а ќе вклучуваат кампања за намалување на последиците од поплави, земјотреси и други катастрофи предизвикани од природата и човекот. Една од поважните проекти на кој работи тимот на експерти при Дирекцијата за заштита и спасување е изготвување на семејниот прирачник кој ќе биде промовиран оваа есен.
Кампањата за заштита од пожари под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“ започна од 15 јули, а ќе трае до 15 овој месец.

Би можело да ве интересира

Хрватски тур оператори се интересираат за Крушево

Елизабета Филипоска

Зажалија само оние кои не присуствуваа! Спектакуларното Show на стилистите од Прилеп уште долго ќе се памети!

Елизабета Филипоска

Во тек јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за инвертер клими

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе