11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Карпалак во сеќавање и предупредување – да не се повтори!!!

Болката по хероите прилепските армиски резервисти: Сашо Китановски, Нане Наумовски, Марко Деспотовски, Љубе Груески, Бранко Секулоски, Дарко Велјаноски, Горан Миноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Ердован Шабаноски, убиени од заседа на 8 август, 2001-та година, на патот Скопје – Тетово, кај месноста Карпалак останува засекогаш, и после 18 години од трагичниот 8 август 2001 година, тагата не згаснува.
Во нивна чест денеска се одржа централното чествување се одвиваше пред спомен обележјето „Карпалак“, каде свежо цвеќе положија: делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, делегација од Министерството за одбрана и Генералштаб на Армијата, предводена од заменичката на
Претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, делегација од кабинетот на Претседателот, г-дин Стево Пендаровски, делегација од Собрание, предводена од пратеничката Кети Смилеска, делегации од здруженија на борци од Прилеп иМакедонија, семејствата на загинатите бранители и политички партии.

„ Не 18, 180 години да поминат вие и вашите идни поколенија
секогаш ќе погледнувате во овој споменик, ќе си поставувате прашања, ќе се
сеќавате, ќе паметите и ќе жалите. Денес оваа нивна жртва, покажува колку на
сите нас мора да ни бидат важни мирот и стабилноста“, истакна во обраќањето министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

Градоначалникот Јаваноски во своето обраќање истакна дека тагата заедно ја делиме сите, иако таа најдлабоко ја чувствуваат семејствата.

„Карпалак е вечно сеќавање за нашите храбри херои кој треба да ни биде како потсрек сите заедно обединети и сплотени без оглед на разликите да ја чуваме и сакаме нашата држава. Оваа колективна жртва на Прилеп од 2001- та нека биде опомена, а исто така и порака со дијалог и во мир и слобода да ги решаваме сите разлики “, истакна градоначалникот Јованоски.

Во чест на хероите денеска претпладне, се одржа панихида во црквата „Св. Петка“ , а делегација од Општина Прилеп рано наутро ги посетија и вечните почивалишта на бранителите во градот и во населените места, а делегации од здруженијата на бранителите ја посетија и месноста Карпалак, каде на 8 август 2001 година се случи трагичниот настан.

Би можело да ве интересира

Во пожар во куќа две деца се здобиле со изгореници

Пела Редакција

ЕУ ја избра Општина Прилеп за „Најзелена општина“ во 2021 во Македонија

Гордана Цветаноска

Градската библиотека одбележа 82 години од смртта на Борка Талески

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе