8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Министерот за земјоделство  во посета на  Прилеп

Програмата за рурален развој и проектите на Прилеп беа од интерес на Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, при  денеска  посета на прилепскиот регион. Прилеп аплицираше со три проекти.

„Парите се резервирани во буџетот и тие треба максимално да бидат искористени во текот на оваа година. Исто така разговаравме и за огласот кој е во тек на кој можат да аплицираат планските региони, а кој се однесува на тампонирање на патиштата кои водат до земјоделските површини“, изјави министерот за Димковски.

 

Трите одобрени проекти се во висина од околу 60 милиони денари.Едниот проект е за урбанизација на 30 села во општина Прилеп, вториот за изградба на патот помеѓу селата Волково и Прилепец и третиот проект е за патот од Прилепец до манастирот ‘Св.Никола’.

 

Министерот Трајан Димковски, го посети и  градскиот пазар и с. Канатларци. Со жителите на Канатларци беа отворени повеќе теми поврзани со земјоделската проблематика, меѓу кои и за распределбата на државното земјоделско земјиште.

Би можело да ве интересира

Во Средните стручни прилепски училишта 85% од учениците сакаат да ја следат наставата со физичко присуство

Елизабета Филипоска

Првото бебе во Прилеп во новата година е девојче

Пела Редакција

(ВИДЕО) Зошто СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп е вистински избор за деветтооделенците?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе