9.2 C
Прилеп
петок, 28 март, 2025
Пела Радио

Во комбе на крушевчанец, полицијата пронашла 45 лица од Пакистан, Сирија и Авганистан

Во СВР Куманово вчера во 09.30 часот е приведен Ј.Х.(36) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Од МВР појаснуваат дека истиот ден во 05.45 часот на автопатот Куманово-граничен премин Табановце полициски службеници забележале запрено комбе „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, како истовара мигранти.
Во комбето биле пронајдени 45 лица-мигранти и тоа 42-ца од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан. Возачот се дал во бегство, но подоцна бил пронајден во друго возило „голф“ и приведен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија денеска од МВР.

Би можело да ве интересира

Физички го нападнал својот соселанец, а во с.Црнилиште куче скитник нападнало едно лице

Пела Редакција

За 7 часа контрола во Прилеп санкционирани 34 возачи

Краделе од дете-приведени тројца млади, од кои двајца малолетници

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе