11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепскиот совет го усвои ребалансот на буџетот

Советот на Општина Прилеп денеска на 31 та редовна седница го прекрои буџетот. Во однос на претходно, приходите на консолидираниот биланс се зголемуваат за 38, 46 мил. денари или 2,87 во однос на проектираните со Буџетот.
Со измените и дополнувањата на Буџетот се обезбедуваат дополнителни средства и тоа најмногу за изградба и реконструкција на улици и патишта, изгработка на урбанистички планови за населените места, за завршни работи во реконструкцијата на Градскиот стадион, средства во висина од 3 мил. денари за новите градски автобуси, за поддршка на Годишните оперативни планови на јавните комунални претпријатија планирани се 13 милиони ден. Спортските клубови, здруженијата на граѓани и невладини организации, исто така ќе добијат поголема финансиска поддршка.

– Со ребалансот се одобрија дополнителни 55 милиони денари за реконструкција и асфалтирање на улиците во градот, како и 18 милиони денари за изработка на урбанистички планови во 30 населени места во општина Прилеп. Исто така, се издвоија средства за помош на спортските клубови и 1 милион денари за доизградба на црквата ‘Св.Наум’ и за џамијата во населбата Тризла. Она што треба да се истакне, е дека капиталните расходи до овој момент изнесуваат 60 милиони денари, а заклучно со 30 септември тие ќе ја достигнат висината од над 76 милиони денари. Тоа покажува дека во градот се случува градежна експанзија и дека сите оние проекти кои како локална самоуправа ги донесовме, ќе бидат реализирани, истакна претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ реагираа дека капиталните проекти имаат како што рекоа катастрофална реализација во првите квартали.

– Она што ни ги затемнува розовите очила и од толку силниот блесок останавме во неверување е тоа што денес и како официјална бројка излезе процентот за капиталните расходи. Капиталните расходи во првиот задоцнет извештај се замислете само 1 %, а додека во вториот квартал истите стигнале до фантастичен процент на реализација од дури 7, 74 %. Ако истиот период лани имаа фантастична реализација од 11 %, оваа година истите се надминаа, истакна Ирена Стерјоска Локвенец, советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ на прес конференција, која дополни дека жали што градоначалникот Јованоски не е присутен на седницата да го запрашаат дали е задоволен со динамиката на реализација на буџетот.

На денешната седница советниците ја усвоија стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на Општина Прилеп, а ги изгласаа и Годишните извештаи, програми за работа и планови за вработување во основните и средните училишта во градот.

Со годишниот план за вработување на Општина Прилеп за 2020 година се планирани 22 вработувања од кои 10 во Територијалната Противпожарна единица Прилеп. Воедно, се планираат вкупно 47 вработувања во ЈКП Водовод и канализација од кои 20 во Пречистителната станица.

Би можело да ве интересира

Католиците го слават Велигден

Пела Редакција

Прилеп се сеќава: 22-ве години од погибијата кај Карпалак

Гордана Цветаноска

СЕЌАВАЊА НА ДЕЦАТА БЕЗ ДЕТСТВО

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе