1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

МАРИЈАН ЈОВАНОСКИ- прилепски баритон, од светски ранг. Предлог бр 6. на Радио Пела, за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември„ , – баритон од светски ранг

ПРИЛЕПСКИ БАРИТОН ОД СВЕТСКИ РАНГ

Еден од водечките солисти на Македонската опера и балет роден  е во Прилеп. На 14 годишна возраст е излезен од својот роден град, следеjќи го патот на уметноста.

Потекнува од средно и од необразовано музички – семејство, кое не можело лесно да му го отвори патот за она што го сакал тој.  Почнува од Битола, каде што го завршува средното музичко училиште – отсек виолончело, продолжива на Музичката Академија во Софија, Р.Бугарија, отсек соло пеење. По завршувањето на Академијата дебитира во Македонската опера и балет во улогата на Мазетто во операта Дон Џовани од В.А.Моцарт во 2002г.

Од 2003 до2004 година живее и работи во Виена, Р.Австрија, во најстариот оперски театар “Theater an der Win”, за потоа да се врати во Македонија,  каде што 2 години работи како хонорарен солист при Македонската опера и балет.

Во 2006 година заминува на специјализација во Софија, Р. Бугарија, кај еден од најдобрите светски басови, Никола Ѓјузелев, каде што ја усовршува својата оперска техника. Од мај месец 2007 година, па се до денес, е прв  солист на операта во Бургас,  Р.Бугарија, каде што  всушност започна неговата оперска кариера, дебитирајќи во една од најтешките опери на Џ.Верди – “Бал под Маски“ во улогата на Ренато. Од таму веќе тргнува неговата,  интернационална кариера. Во 2009 година по покана на менаџер заминува  во САД каде што за 85 дена успеа да испее 45 претстави низ 12 држави ,каде што добива одлични критики, со што потоа уште неколку пати е поканет како гостин во исто толку долг период како предходниот. Е редовен солист – гостин во операта во Марибор, Р.Словенија, каде што настапува со многубројни светски солисти, диригенти и режисери. По покана од Германија прави турнеи на многу фестивали , претстави на отворено. После сите овие успеси и патувања се враќа во Македонија каде што од 2015 г е солист-првенец при Македонската опера и балет.

2018 година се враќа во својот град и прави прекрасен, незаборавен Новогодишен гала концерт во Прилеп.  Денеска е Претседател на Здружението на оперски уметници – “ОпераТи“ каде членуваат повеќе од 60 млади таленти , кои што немаат можност да го покажат својот квалитет пред публика. Марјан им помога преку организирање проекти и концерти да ги покажат своите можности. Токму денес тука е насочен, да им помага на младите таленти за нивна подобра афирмација и презентација.

Мото: „Културата на една земја се гледа преку призмата на Оперската Уметност

 

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

Би можело да ве интересира

БИЛЈАНА ЈУРУКОВСКИ –  фотограф –  Предлог бр.3 на Радио Пела, за најпрестижната општинска  награда “3-ти Ноември„ СВЕТСКО А НАШЕ!

Елизабета Филипоска

ЗДРАВКО ТОДОРОСКИ –  спортист, тренер, селектор на македонското воздухопловно моделарство – Предлог бр. 12 на Радио Пела за општинска  награда “3-ти Ноември“- Вљубеникот во воздухопловството

Елизабета Филипоска

ГОРАН ПОПОСКИ – камерман – монтажер, фотограф –  Предлог бр.10 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“ – Со силата на камерата и објективот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе