1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

д-р ПЕТАР РИСТЕСКИ – кардиохирург ,ПРЕДЛОГ БР.1 на РАДИО ПЕЛА за добивање на “3-то Ноемвриска награда„ – РЕСПЕКТ

Ги пренесува, модерните нови интензивни мерки  во кардиоваскуларната хирургија, од Германија во Македонија

      Еден од ретките специјалисти – лекари, кој своето знаење го пренесува за напредокот на македонското здравство.

Нови минимално инвазивни, модерни мерки во кардиоваскуларната хирургија, од Германија од Клиниката за таракална и кардиоваскуларна хирургија при универзитетот „Џон Волфганг Гете“ во Франкфурт, каде 15 години работи д-р Ристески,  денеска се применуваат и во Македонија на Универзитетската клиника за државна кардиохиругија, БЛАГОДАРЕНИЕ НА д-р Ристески, кој соработува и овие методологии им ги пренесува на македонските кардиолози. Со тоа, Универзитетската клиника за државна кардиохиругија во Скопје, јужно од Виена,  стана првиот центар кој воведе хибридно решавање (со хибридна протеза)  на комплексна аортна хирургија.

Д-Р ПЕТАР РИСТЕСКИ е Роден во Прилеп 1976 г,. 1993 како ученик во втора година Гимназија, заминува во Јужна Каролина на студиски науки, а 1994 г се запишува на Медицински факултет во Скопје и студира до 2000 г. Работи во Воената болница во Скопје, на кардиоваскуларната клиника, кај д-р Жан Митрев, каде останува до 2003 г. Не можејќи во Македонија да ја обави специјализацијата по кардиоваскуларна хирургија (неговата голема љубов во медицината), решава да конкурира на неколку места во странство и на трите е примен, но тој се одлучува да студира во Франкфурт, бидејќи смета дека германскиот едукативен системи има посебен висок статус во светската медицина. Заминува со неговата сопруга, лекар, каде што три години се занимава со научно истражувачка работа.

Денеска, работи како примериус во Универзитетската клинкика , „Џон Волфганг Гете“ во Франкфурт, а 2016 е и шеф на клиниката за аортна хирургија, каде со тим лекари покрива комплетна патологија, центар кој веќе прераснува во едукативен центар во интернационални рамки. Тој е еден од ретките, кој со својот тим во Франкфурт изведува оперативни третмани со нова, иновативна и оперативна техника.

Станува збор за решавање на опфатна патологија на аортата, на големата крвна артерија во телото, која опфаќа повеќе сегменти: првиот дел, меѓу вратните жили и срцето, вториот дел, вратните жили и третиот дел, оној кој што носи крв во абдоминалната регија (карлицата и нозете). Значи три дела кој бараат два оперативни пристапи и пациентот мора да биде хоспитализиран три месеци, но и најтешкиот оперативен зафат за лекарите.

Пред неколку години во соработка со медицинската индустрија во Германија, се дизајнира, посебна хипридна протеза, која овозможува во еден акт,со еден оперативе зафат да се решават сите три сегменти.

Д-р Ристески ја презентира таа методологија затоа што  во Франкфурт ова го работи , со минимално инвазива за пациентот и со многу мал  рез од 8см. до 10 см. односно со само едно, парцијално отварање на градната коска.  Од првично два големи реза, таа комплексна патологија сега се  прави со еден рез.  Таа методалогија, д-р Петар Ристески  ја пренесе и  во Скопје, и  во април 2018 год. беа оперирани тројца пациенти.

Петрески тоа го нарекува  „Отворена хибридна операција за лекување на трите сегменти на торакалната аорта“.

Прилепчанецот д-р Петар Ристески активно учествува и на светски научни собири.  Неодамна во рамките на конгресот на светските кардиолози, во март, д-р Петар Ристески изведе и обука на каридохирурзи, учесници на конгресот, за оперативниот третман со оваа нова, иновативна и оперативна техника.

д-р Петар Ристески: “Македонија живее во мене и таа љубов никогаш нема да престане. Дали со соодветна стручна помош во медицината или на друг начин, тоа секогаш така ќе биде!“

РЕСПЕКТ ДОКТОРЕ!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа,  без дозвола од редакцијата!

 

Би можело да ве интересира

СAШО ЈАНДРЕСКИ – дете иноватор- Предлог бр.7 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“ – Чудо од дете!

Елизабета Филипоска

ИРЕНА ЈАКИМОСКА –  бизнисмен, хуманист – Предлог бр. 11 на Радио Пела за општинска награда “3-ти Ноември“  – Жена бренд

Елизабета Филипоска

(Посхумно) АЛЕКСАНДАР ДВОРАЧАНЕЦ САЛЕ – блуз музичар – Предлог бр.9 на Радио Пела, за најпрестижната општинска  награда “3-ти Ноември  – Блузер до крај

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе