5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

СAШО ЈАНДРЕСКИ – дете иноватор- Предлог бр.7 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“ – Чудо од дете!

ЧУДО ОД ДЕТЕ

Го нарекоа „чудо од дете“ и не згрешија! Тој го патентира новиот медицински шприц, кој е првиот патентиран производ во областа на медицината во Македонија, после  25 години. Има само 16 години и е гимназијалец, со визии и идеја да помогне во заштитата на здравствените рабоници кои со неправилната употреба на медицинските шприцеви се изложени на опасноста да се заразат од Хепати Б  и Ц. „Јандреевиот шприц“ ,како што се нарекува шприцот идеја и патент на младиот прилепски иноватор Сашо Јандрески,  ја заштитува и животната средина ,бидејќи е направен од биоразградлива  пластика, бидејќи пластиката е најголемиот еко непријател на земјината топка.

Шприцот е компактибилен за секаков вид терапии: дермална, епидермална, мускулна и интравенозна. По инјектирањето на лекот, иглата се повлекува и навлегува во волуменската капсула, доаѓа до блокаторот кој го блокира целиот шприц. Шприцот е само за една употреба. Новиот медицински шприц има  посебни комори за игла, за дезинфекционо средство. За негова изработка  има интерес од странски компании. Државниот завод за индустриска сопственост го поддржа патентот.

Сашо Јандрески е ученик во втора година во гимназијата “Мирче Ацев„ .Волонтер е на Црвниот крст и во Службата за итна медицинска помош во прилепската болница „Борка Талески” на педијатриското одделение. Идејата произлега токму од неговата активност како волонтер, и започната е од ноември 2018 година. Поддржана е од повеќе истражувања и математички пресметки, благодарение на неговите ментори професори по математика, биологија и мајчин јазик.

Неговото  мото е: „Иднината е во сите нас,  сите треба да сме креативни, да создадеме нешто подобро за нашата држава, за целото општество, за целиот свет„

 

Би можело да ве интересира

„Јавен Простор Прилеп“ – граѓанска иницијатива – Предлог бр 2. на Радио Пела, за општинската награда “3-ти Ноември„-НАЈДОБРОТО ШТО МОЖЕШЕ ДА МУ СЕ СЛУЧИ НА ПРИЛЕП

Елизабета Филипоска

МАРИЈАН ЈОВАНОСКИ- прилепски баритон, од светски ранг. Предлог бр 6. на Радио Пела, за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември„ , – баритон од светски ранг

Елизабета Филипоска

МЕРИ МИРЧЕСКА – шампионка во планинско трчање! Предлог бр.5 на Радио Пела, за најпрестижната општинска  награда “3-ти Ноемвир“ – македонската супер хероина, која истрча 170 км. за 42 часа околу Мон Блан!  ИМАМЕ СО ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе