5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Објавен огласот за субвенции на печки на пелети – половина од средствата наменети за ранливи категории на граѓани

На принципот „прв дојден прв услужен“ , и посиромашните семејства ,годинава ќе можат да купат печки на пелети со државна помош. Министертсвто за еконoмија обезбеди 30 милиони денари за субвенции, од кои 15 милиони ќе бидат наменети за ранливите семејства.

Услов за нив, за да добијат помош, е месечните нето приходи во семесјтвото да не надминуваат 30.000 денари.

Граѓаните што ќе ги заменат старите печки на дрва, јаглен или нафта за нови, ќе добијат поврат на половината од фактурираната цена , но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2019 година .

Право на учество, освен ранливите потрошувачи имаат и сите оние лица кои купиле печки на пелети во периодот од 1-ви  јануари 2019 година, до денот на завршување на јавниот оглас.И, за оваа категорија на баратели, исто така во Буџетот се обезбедени 15.000.000 денари.

Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен’’ и по искористувањето на средствата за оваа намена ќе бидат изготвени решенија за исплата на надоместокот.

Субвенции за замена на старите печки со нови на пелети прв пат се примени лани. Тогаш конкуритаа над 2000 домаќинства, а пари добија 642 од нив кои први се јавиле на огласот. Лани беа доделувани по максимум 30.000 денари.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Прилепска пиварница за 3,6 пати ја зголемила добивката за 9 те месеци од годинава, во споредба со лани

Гордана Цветаноска

Мицкоски: Консолидацијата на Комбинатот е зад нас, да работиме на развојот(ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Работниците од Комфи Ангел покажаа висок степен на одговорност за заштита на здравјето

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе