11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Каде што реката го бакнува небото“ – нов роман на Билјана Тинтоска

Излезе новиот роман на писателката и професор по  македонски јазик,  Билјана Тинтоска насловен  „Каде што реката го бакнува небото“ .  Синоќа, во градската библиотека „Борка Талески“ , пред присуство на голем број љубители на пишаниот збор, пријатели, ученици, гости , поети,  романот беше преставен и промовиран од еминетни промотори . Авторот го искажа своето задоволство од промоцијата, посебно од огромното присуство на децата, нејзини  ученици , „но  и од целокупната атмосферата полна со љубов, неизмерна“ –  рече таа :

„Понекогаш е тешко да го изразиме она што длабоко го чуствуваме во срцето. Но, ако не се зборовите заедно со љубовта, што би правеле ние луѓето и како би живееле. До предмалку си мислев дека само промоцијата на мојата прва се чуствувам возбудено.Незнаев дека на овој настан возбудата ќе биде уште поголема,трепетот на срцето уште позабрзан, љубовта .Природно е авторот најмногу да зборува преку својата творба. Сѐ друго е излишно. Но исто така, повеќе од потребно е со љубов и благодарност да им се обрати на своите читатели, искажувајќи го она што преку делото не можел. Драги мои, оваа книга настана некако спонтано, брзо. Побрзо отколку што очекував, побрзо отколку што мислев дека можам јас како обичен човек да стасам да напишам, побрзо отколку што можат да се нанижат зборовите, да се преточат мислите, да се изразат емоциите. Идејата да ја напишам оваа книга, не беше воопшто нова, ниту спонтана, како што спонтано настана таа. Идејата беше неминовна. Ја носам откако знам за себе, откако сум го спознала светот и животот. Растев со неа, созравам со неа, работам со неа. Тоа не е една идеја… туку повеќе собрани во една единствена – да се промовира возвишеноста на љубовта во сите нејзини облици„- се обрати авторот, Билјана Тинтоска пред присутните

Роман е инспириран од љубовта, како да сакаат луѓето, како се бидува ЧОВЕК.

„Радоста не доаѓа одоколу, туку се раѓа во нас самите. Нејзиниот извор е единствено жртвата што од себе ја даваме за доброто на другите. Таа жртва значи безусловна љубов. Таквата љубов не се грижи дали ќе биде возвратена. А нема да остане незабележана, исто како и најмалата искра во длабоката темнина“.-  тоа е дел од романот, што всушност е суштината на самата книга.

 

 

Минатата година Билјана Тинтоска го промовираше својот прв роман „Овде или во Вечноста?“, кој наиде на голем прием кај читателската публика.Тоа ја охраби да продолжи и понатаму да твори ,ша брзо излезе и нејзиното „втор чедо„ . Авторот вели дека на пат е и третиот роман .А,ние само и посакуваме плодна писателска дејност и уште многу пишани зборови преточени во романи!

Кусо:

Билјана Тинтоска професионално е вљубеник во македонската реч, литертура и јазик, бидејќи е и професор по македоснки јазик во СОУ „Ѓорче Петров“ .Таа е ментор на драмската секција во училиштето , голем вљубеник на книгата и одличен познавач на пишаниот збор, која  со литература се занимава од нејзинот дестството.

 

Би можело да ве интересира

Изложба на слики на Марија Светиева во Прилеп

Поетско Маркукуле се сели на летната сцена во Прилеп

Прочка 2018- изложба на маски од прилепските ученици

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе