11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Македонка избрана за градоначалник во општината Вителси,Мелбурн

Македонката Емилија Лиза Стерјова стана најмлада градоначалничка на општината Вителси (Whittlesea) во австралискиот град Мелбурн, во сојузната држава Викторија. Таа за првпат беше избрана за советник во Советот на Општина Вителси во ноември 2016 година и е досега најмлада избрана советничка во Советот на општината. Емилија Стерјова се залага за подобрување на транспортната и патната инфраструктура во општината, како и за подобрување на услугите за младите и обезбедување на поголема поддршка на групите и нивните клубови на локалните заедници.

Од ноември 2017 до ноември 2018 година Емилија Стерјова беше заменик на градоначалникот на општина Вителси. Таа е член на Советот на Фестивалот за народна музика во Вителси, член е на Комитетот на Средното училиште за капелани во Вителси и член на Групата за младинско управување на Вителси. Емилија во моментов е пред дипломирање на студии за право и меѓународни односи во Индонезија.

Инаку, општина Вителси има 197.500 жители, годишно се доселуваат по околу 8.000 нови жители. Општината има Совет од 11 советници кои волонтерски ја вршат советничката функција. Советниците се избираат со мандат од четири години, а градоначалникот го избира Советот од редот на советниците за време од една година.

Би можело да ве интересира

Хуманитарен гест за почит и поттик, прилепските фризери, бербери, козметичари со донаторска акција за пациентите и персоналот во болницата

Гордана Цветаноска

ФК „Победа“ ќе ја добие ветената помош од Општина Прилеп

Гордана Цветаноска

И сметководителите се приклучуваат кон протестот на угостителите и туристичките работници

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе