Колку е значаен локалитетот Трескавец за културно-цевилизацискиот развој на Пелагонија
Последните археолошки истражувања во рамките на манастирскиот комплекс Трескавец даде нови сознанија за долгата историја на ова исконско култно место уште од бронзено време, како и за долгата историја на античката населба Колабиса која егзистирала на овој простор. Имено,при ископот на земја во рамките на градежните активности за обновување на опожарените конаци на манастирот Трескавец, с. Дабница, беа констатирани материјални остатоци од праисторијата до денес со што се дополнија сознанијата за историјата на користењето на просторот во рамките на манастирскиот комплекс, вели Бранислав Ристески, научен советник, раководител на проектот, и директор на Институтот за старословенска култура-Прилеп
Од сеопфатните истражувања вршени од 2008 година, па и последните неколку години, се констатирани десет основни етапи во егзистенцијата на археолошкиот комплекс Трескавец. Егзистирањето на Трескавец е утврдено од доцно бронзено време. Според своето културно-цивилизациско значење за поширокиот централнобалкански регион се издвојуваат шест етапи. – Во времето од од 1 /2 век до 6 век во горните сегменти од комплексот (Златоврв и неговите западни и јужни падини) егзистира населбата Колобаиса во чии рамки централно место зазема храмот посветен на Аполон и на Артемида. како и втората позначајна културна целина „Успение на Пресвета Богородица„ и нејзиниот развиток во средината од 12 век се до крајот на 17 /18 век.-вели Рситески
На што беа насочени овогодишните истражувања
Комплексот „Трескавец“ е исконско култно место во рамките на одделната биогеографска целина од Северна Пелагонија, кое во текот на милениумското користење ги менувало модалитетите на култните содржини, од антички храмови посветени на Аполон Еутаданос (Громовник) и Артемида, преку ранохристијанска базилика, до средновековен манастирски комплекс. Ова се потврди преку проектот „Систематски археолошки истражувања на комплексот „Трескавец“,започнат 2018 година
„Овогодшните истражувања беа насочени кон проверка на назначените тези од минатите години, при што главно е потврдувањето на саркалниот карактер на овој простор и прашањето дали во Отоманскиот период на овој простор се развивала “цивилна населба“ кај е суптитуд на средновековниот Прилеп. Во таа смисла со годинашниве истражувања успеавме да дегенерираме дека античката населба Колобаса, првенствено има саркален карактер дури во период на 5/6 век, кога има одбрабениот систем и е вклучен во северниот дел на Пелагонија. Центрлано место зазема христијанската базилика од 5/6 век и на некој начин ова се надоврзува на античките храмови посветени на Аполон Еутаданос (Громовник) и Артемида. На овој простор е конституирна и базиликата која е поставена како олтар на црквата, чии развитокот го доживува во 13/14 век во времето на Византија „- додава Ристески
Може ли овие откритија, Маркови Кули да го позиционираат на постојанта листа на УНЕСКО?!
„Клучни точки – на овој простор се : сракалноста на просторот во поширокта целина Маркови кули, при што одредени пунктови имаат и јасно дефинирана цел .Пример грамадите на Маркови кули имаат населбински карактер, грамадите на Кукул Баба имаат производствено – населбински карактер , додека ридот Златоврв за целиот овој период, од праисторијата па се до денес, има нагласено сакрален карактер. Ова им дава потврда на тезите и нова димензија на заштитеното подрачје Маркови кули. Имено, со овие истражувања се внесува нов дополнителен миг за историјата на културата на овој простор, со што се надополнува вредноста од аспекст на културното наследство во нашата претензија за позиционирање на Марковите кули на постојаната листа на УНЕСКО, првенствено како културно наследство, а потоа како природно“- додава д-р Бранислав Ристески, научен советник-археолог во Институтот за старословенска култура – Прилеп
Простор за музејски поставки во Трскавец
И, додека се обновува, манастирот Трескавец на надмосрка височина од над 1200 метри на работ на Пелагонија, под Златоврв,и додека се очкува да биде овој коплекс на Марковите кули да биде поставен на листата заштитени споменици на прородата, од истражувањата и пронајдените артефакти на овие простори предвиден е и простор во манастирот за презентација на целото движно наследство на Трескавец. Планирана е музејска поставка, главно со 30-ина икони од 16, 18 и од 20 век, како и со ексклузивми предмети од археолошките истражувања последните четири години кои ќе ја раскажуваат приказната за Трескавец и за античката населба Колобаиса…,