7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Коледе или Бадник – дел од одбележувањето на традицијата на здружението „Преродба„

Бадник – дел од одбележувањето на  традицијата на здружението „Преродба„

Посна софра, исполнета со многу посни слатки, посни јадења,гравче,сарма, овошје, костени,ореви,бадеми,локум, месени  посни  пити, беа дел од богата трепзата на Здружението „Преродба„ ,како здружение на жени од Прилеп,  која ја негува традиција и обичаите ,македонската народна песна и хуманоста, па во духот на традиција тие традиционално  го одбележаа Бадник , денот пред раѓањето на Исус Христот, последен ден од Божиќните пости.

Ова ден е еден од најубавите празници, кој го прославуаме со членките во духот на нашата вера и трдиција. Направивме посна трпеза, по рецептите на нашите предци, кој на овој ден му посветувале големо внимание, како и ние. Во некој краеви ,на овој ден се меси пита со паричка, па кој ќе ја пронјде се смета дека ќе го прати среќа до крајот на годината, но тука,  кај нас,  во Прилеп, тој адет е задржан за Василица, па Бадник е духовен празник посветен на семејството, бидјеќи од памтивека останало  “пред Божиќ зад Баожиќ кади и да си,  дома да си!“. Значи, Бадни е празникот кој треба да се прослави во кругот на семејството и тоа треба да се почитува. Трпезата по бадниковата вечера во семесјство ,адет е да  не се раскрева, оти се чека Господ Бог да дојде на  вечера таа вечер!  –  истакна  Лилјана Ѓорѓиоска ,претседател на здружението на жени “Преродб“- Прилеп

Дружбата заврши со песна и неколку традиционални коледарски песни кои се се негуваат како традиција. 

Коледарски песни од записите на Mарко K. Цепенков

Коледица варварица, сива, сива гулабица
долетала од планина, и донесла убаина.

Коледица варварица, бери пења за вечера
мене ми се вечера, оти пиле ми загина,
од море до море, во царичини дворои.

Царица го нагазила, и цревцата му истурила.
Циу цвиц ми сторило и пилето си умрело.

 

Инаку ,утре  Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

Зборот Бадник доаѓа од зборот да бидеш буден. Таа ноќ сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник – будник“.

 

Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството.

 

Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година.

    Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ

. Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца.

Рано изутрината на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како : пари, ореви, костени, јаболка, портокали, посни слатки …..

Бадник  - Здружение „Преродба“Бадник Здружение ПреродбаПосн трпезаПосна софра за БадникБадник-традиција за почитБадникова трпеза-Грузија

 

Би можело да ве интересира

КУД „Илинден“ со целовечерен концерт насловен „Градски приказни“ 

(Галерија)„Пензионерите Пеат“- вистинско уживање кога пеат

Нови аспекти во медиумското работење за уметноста, културата и традицијата – обука за новинари

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе