7.4 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

Прилепските џудо тренери се усовршуваа во соседството

Известува Никола Димески

„Техничко усовршување за учење на млади џудисти на возраст од 8 до 12 години“ беше темата на семинарот за тренери која се одржа викендов на 16 и 17 ноември во Белград – Р. Србија.
Предавач на семинарот беше јапонскиот џудо експерт Хироши Катаниши – 8 Dan. Од прилепските џудо клубови на семинарот учествуваа Пролетер со младиот тренер Александар Димитроски, Џудо Клубот Сеишин Прилеп зеде активно учество на овој семинар со свои стручни кадри, тренерите Дејан Мицкоски и Мики Чадамов и од џудо ветераните тренерот Киро Здравески. Од Џудо Клубот Санкаку претставник беше Благојче Митрески кандидат Мајстор и актуелен џудо судија.
Семинатор се одржа под мотото „Подобри го својот клуб“.
Стекнатото знаење на ваквите семинари е неопходно за работа со младите категории, зашто надградбата на тренерската вештина ќе придонесе за реализација на правилна и успешна програма со помалите возрасни групи, велат џудистите.

Би можело да ве интересира

Бомба во боксот : Стартува професионалната кариера на Трајче Macedonian Machine ( ФОТО)

Никола Димески

РАДОСТ ЗА ГОЛ СО ФРЛАЊЕ ШИШЕ В ТЕРЕН!

ЖЕЛНИ ЗА ФУДБАЛ – УШТЕ ДВАПАТИ ЌЕ СЕ ПОЛНИ СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе