8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

15 години од последниот концерт на Тоше – колегите и пријателите вечерва во Крушево ќе пеат во негова чест

Под наслов „Со љубов за Тоше“ вечер од 19:00 часот на платото на Гумење во Крушево, пред спомен куќата на Тоше Проески, ќе се одржи концерт во спомен и сеќавање на големата наша и балканска музичка ѕвезда.

Голем број негови пријатели и музичари ќе ги изведат неговите безвремени песни. Пред најавената многубројна публика и фановите на Тоше кои во Крушево ќе дојдат од цела земја, ќе настапат: Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Каролина Гочева, Дани Димитровска, Бени Шаќири, Ѓоко Танески, Мартинијан Кириловски, Јоце Панов, Омар Џафероски, како и солистите на НОБ Билјана Јосифов и Влатко Груески, во придружба на Камерниот оркестар на Битола и бендот на Тоше, кој се собра повторно во чест на Тоше.

 

 

Настанот е во спомен на последниот концерт кој што Тоше го одржа во Скопје, на 5 октомври 2007 година, пред неговото трагично загинување во сообраќајната несреќа на 16 октомври, пред 15 години.

Пред почеток на концертот изведувачите и солистите ќе положат цвеќе на гробот на Тоше.

Организатор на концертот е Спомен-домот на Тоше, а е финансиски поддржан од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Крушевчани ќе ја подржат Националната платформа за женско претприемништво

Елизабета Филипоска

Германски државјанин, параглајдерист се здобил со тешки телесни повреди

Пела Редакција

Првпат претстава на влашки во Крушево

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе