14.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Графики на платно „Поеми“ од Соња Димовска

Во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп утре, петок, во 13 часот ќе биде отворена изложбата „Поеми“ (графики на платно) од уметницата Соња Димовска.

-Најновата изложба на Соња Димовска претставува своевидно надоврзување на циклусот графики започнат во 2007 со изложбата Инсектариум интро 1 (Културно информативен центар) каде што авторката тематски го третира растителниот и животински свет, поточно микрокосмосот на инсектите, на еден лирско – поетичен начин.

Следат изложбите Инсектариуминтро 2 (Отворено графичко студио, 2007), а потоа и Соништа во длабок печат (Национална галерија – Чифте Амам, 2010) каде што Димовска ги третира флоралните и животинските прикази во симбиотска врска со човечки фигури, вели во каталогогот за изложбата Атанас Т. Ботев.

Со ова изложба Димовска за првпат ја напушта техниката на длабок печат, печатејќи исклучиво линорез на бело платно.

Би можело да ве интересира

60 години од смртта на писателот Стале Попов

Кумановскиот театар гостува во Прилеп

Пела Редакција

Прилепскиот уметник Филип Јовески изложува во Берлин

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе