11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ЖЕНАТА – СТОЛБ ВО СЕМЕЈСТВОТО, ОПШТЕСТВОТО И ИНДУСТРИЈАТА!

Македонија се соочува со белата чума, исселување, демографски движења со застрашивачки размери. Според Светската Банка од земјава се исселени дури половина милион граѓани или една четвртина од населението, од кои најголемиот број се мажи. Веќе се појавува недостиг од работна рака за позиции и занимања кои се традиционални – машки, како што се некои занаети, но и возачи, бравари, металостругари…

Дали жената во Македонија има потенцијал да ги замени позициите во индустријата, во менаџментот, со своите машки колеги? Како изгледа, што треба да поседува една жена за да биде еднакво успешна и подобра од маж на истата позиција? Има ли формула за успех, која е најважната алка за жената денес во Македонија да биде успешна на работа, а во исто време и мајка, домаќинка, сопруга?

Каков потенцијал има македонската жена?

На овие прашања отворено дискутираа пет успешни и докажани жени менаџерки: Јасна Ажиевска Петрушева, административен извршен директор и член на Одборот на директори на Мермерен Комбинат АД Прилеп, Сава Димитрова поранешне долгогодишен директор на кондиторската компанија “Европа“ и актуелен претседател на Надзорен одбор на Комерцијална Банка АД Скопје, Роми Желческа – Иваноска, менаџер на  градежната компанија Изофас Прилеп, Мери Ангелеска менаџер на Инџекшн Молдинг Прилеп и домаќинот Ирена Јакимоска – косопственик на Комфи Ангел иницијатор на панел дискусијата.

 

„ Верувам дека сите сме тука со мисија“- нагласи  Ирена Јакимоска – косопственикот на Комфи Ангел. Таа откри на каков начин започна приказната со денешниот гигант во текстилната индустрија Комфи Ангел , каде што таа манаџира и раководи со 800 вработени.

„Мојот брат кој и денес живее во Лондон, го донесе во Македонија мојот денешен партнер да преговара за работа со Винка Виница. Но, по неуспешните обиди, тие дојдоа во Прилеп. И јас ги прифатив услови за почнување со работа, брзо, едноставно со позитивен одговор на прашањето: „Дали ти би сакала да го правиш тоа?„

“Човекот можеби не даде пари, но ни ја овозможи технологијата и пазарот,  а ние успеавме да создаема компанија и да  се надоградуваме. Мислам дека е тоа судбина. Затоа потребно е да си ја градиме нашата иднина тука, и така да ги воспитуваме нашите деца, бидејќи и јас можев да заминам во Англија или да речам “не“ на она што ми беше понудено од англискиот партнер. Но, останав да градам фабрика со моите вработени во Македонија ,во Прилеп,  која денска брои 800 вработени. Тоа никој не ми го подарил! “

 

Писателката од Србија , по профессија и новинар и тв водител, гостин на панел дискусијата , Јелена Бачиќ Алимпиќ, која патем го промовираше и својот  најнова роман  “Неговите бели ракавици“,  истакна дека во нејзините книги секогаш има силни жени на Балканот. Но , за да се биде успешеен потребно е жртвување и цел,  и дека не секогаш била успешна,  туку тоа го постигнала со работа,  едукација и пожртвуваност,на што ги учи и своите деца.

Роми Желческа – Иваноска, менаџер на  градежната компанија Изофас Прилеп, нагласи дека навидум е неприфатливо жена во градежништвото,“ но кога и Вие активно работиете на граджната конструкција ,заедно со работниците ,врабтените во компанијата,к ога заштитниот шлем е и на Вашата глава,тогаш едноставно луѓето Ве почитуваат.“

 

 

Савка Димитрова, долгогодишна Директорка на кондиторската компанија ,,Европа“смета дека жената треба да се изббори за својата почит и право. Тогаш не постои никаква дискириминација или обезвреднување на нејзинотот труд. Но ,за почита од машките колеги потребна е знаење за работната позиција, едукација. А, за водење на компанијата  важно е почитување на сечии труд, бидјеќи секој еден вработени е важен во креирањето на крајниот производот.

 

 

Мери Ангелеска, Директор на компанијата Injection Moulding -Прилеп, германска инвестиција во зоната Алинци, исто дека потенцира дека имала можност  да  прифати работа во Германија, но одлучила своето знаење да го примени тука,во Македонија.

„Сите заедно ја креираме фирмата и активно работиме на нејзино надоградување. Јас го почитувам секој вработен, зашто тоа е моторната сила на нашата компанија“ – истакна Ангелеска.

 

Тоа го потврди и Јасна Ажиевска Петрушева, извршенот Директор на Мермерен Комбинат АД-Прилеп, потенцирајќи дека ништо не е дадено, туку со труд, ангажман и жртвување на време, семејство и пријателите, човек стигнува до одредена цел.

“Доаѓањето на позицијата менаџер не е нешто кон што планирап да одиш.Тоа  едноставно доаѓа со работа и пожртвуваност. Движењето по нагорна линија  во својата професеија е само потврда сте бложоле многу труди и работа. Се разбира, постојат и падови и успехот. Но, се се постигнува кога има разбирање и меѓусебно почитување, без оглед што во нашата компанија 80% се машка  популација.“-  рече таа во дел од панел дискусијата.

Сите панел дискутанти  заклучија дека на Македонија и македонската економија треба да и се даде шанса. А, тоа треба да тргне од семјството и воспитувањето на децата, на кои мора да им се в сади љубов кон она што го работат и да им се потенцира дека не се добива се така лесно   “со купени дипломи“ , со “ наследени титули“, со „фотељи од родителите“,  без едукација и надоградба на знењето.“   Пазарот на трудот се наполни со ваков кадар„! – нагласија панел дискутантките, кои веруваат дека семјството ,квалитетно обрзованите и регулирање во сферата на правото во Македонија ќе донеси подобра иднина за младата популација која е двигател на опшеството и економијата.

Инаку, податоците говорат дека околу 10 проценти од браковите на македонски државјани се склучуваат во странство. Само во последните 5 години надвор од земјава се склучени повеќе од 6.000 бракови, каде едниот, но најчесто двајцата сопружници се македонски државјани.Податоците на Државната статистика ги потврдуваат загрижувачките бројки на трајно иселени лица од земјава.

Експертите алармираат дека доколку не се најде начин да се задржат младите, земјава ќе остане без сериозно население, како предуслов за економски развој.

Би можело да ве интересира

Сеќавање на прилепчанецот Илија Милчин – 22 години без еден од најголемите македонски актери и режисери

Пела Редакција

Трчаме, се грижиме за лицата со церебрална парализа (We Run – We Care)

ИН МЕМОРИАМ Почина новинарот Менде Младеновски

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе