11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во „Ноември – месец на науката“ втора награда по географија за гимназијалката Марија Карбеска

Во рамките на манифестацијата,  „Ноември – месец на науката“, кој  е во  организрација на повеќе научни друштва и сојузи, со цел популаризација на природните науки, а учество зедоа и ученици од средните училишта од Прилеп.

Во натпревар во експеримент/изработка/ симулација/модел од ученик, ученичката од Гимназијата „Мирче Ацев“-Прилеп , Марија Карбеска, направи интересен експеримент , за промоција на својот град.

 

Натпреварувајќи се во категоријата “географија“, таа експериментално, од природни матерјали го “изгради “ географскиот простор,  по кои Прилеп е распознатлив , Марковите кули. 

 

Географскиот модел,  кој го работеше со нејзинот ментор Виолета Проскоска Велкоска,  го нарече  “Марковите кули гордост на Прилеп“. Токму со него, таа ја освои втората награда, диплома да најуспеше модел по географија  на натпреварот на манифестацијата  „Ноември – месец на науката“, организран за средношколци од целата земја.

“Јас ја сакам географијата.Тоа е мојот најомилен предмет. Имав одлична презентација со која се гордеам и навистина мислев дека првото место ќе ми припадне мене . Но, и втора награда на ова напреварување не е лош резултат.  Горда сум што со мојот ментор, професорката Велкоска , го одбравме за изработка токму овој географски простор како  модел, бидјеќи тоа е одлика на мојот град и е најубавиот дел, најрепрезентативното одбележје на Прилеп“ –  накусо ни раскажа прилепската гимназијалка , Марија Карбеска за нејзината идеја и учество на натпреварот.

Ова е само уште еден дел од успесите на Гимназијата “Мирче Аце“ ‘-Прилеп, како образовна институција која се потврдува дека има  одлични кадровски и работни услови , за едукација на репрезентативни ученици , кои се надградувани за своето знаење и труди ,  и која активно работат за и вон наставната програма ,се со цел добивање на квалитетни млади кадри .

Инаку, настанот „Ноември – месец на науката“, е наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика. Оваа година тој  се одржуа на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Манифестацијата е намнета за популаризација на природните науки и е  во организација на Македонското географско друштво (МГД), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти географи „Природник“ (ИДСГ – Природник) Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

 

 

Би можело да ве интересира

Парични награди и дипломи за првенците на генерацијата од прилепските основни и средни училишта

Елизабета Филипоска

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје

Гордана Цветаноска

Поетот на клавишите: Шопен и младите таленти-нов концерт во храмот „Св. Петка“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе