1.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

Уредување и санација на патиштата – приоритет во Крушево

Општина Крушево интензивно работи на неколку проекти од патната инфраструктура од втората половина годинава, а најавите се дека со тоа темпо ќе продолжи и во наредната 2020 година.Населеното место Јакреново доби асфалтиран пат, проект вреден 2.199,541 денари. Иницијативата се реализираше од Програмата за рамномерен регионален развој на подрачја со специфични развојни потреби, преку Бирото за регионален развој, односно Министерство за локална самоуправа.


Во тек е асфалтирање и уредување на просторот околу спортските игралиште на „Гумење“ и стадионот „Езеро“ се до Крушевското езеро. Проектот се остварува во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Викенд зоната Езеро со тоа ќе добие целосно уреди пристапен пат. Обезбедени средства за овој проект: 11 981 547 денари .
Од меѓуопштинските патни правци се градат од с. Борино, Општина Крушево, до с. Житоше, општина Долнени, како плод на соработката на двете општини. Проектните активности опфаќаат околу 7 800 000 денари.

Додека пак во соработка со соседната општина Кривогаштани се реконструираше патниот правец од с. Бучин, до с. Воѓани, општина.Од локалните патишта деновиве започна реконструкцијата на 2,5 километри пат до с. Саждево. Според најавите на градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, по извршениот вовед во работа за изведувачот за реконструкција на патот кон с. Пуста Река, истиот ќе започне да се асфалтира на пролет.

Би можело да ве интересира

Пролетен меѓународен куп Крушево 2019

Елизабета Филипоска

За неколку дена ќе се полни Вештачкото езеро

Гордана Цветаноска

ГРАФИЧАРИТЕ ОД ПРИЛЕП НАЈДОБРИ НА КОНКУРС ОД УЈП

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе