2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

“Подари со радост” во духот на патронот Свети Никола

Големиот христијански празник Св. Никола –патронот на Прилеп, секоја година се чествува по примерот на светецот. Дарување и хуманитарни активности на радост за празниците кои доаѓаат во семејствата каде е потребно да се помогне.

Пет дена хуманитарните сограѓани, ќе имаат можност да донираат храна и намирници за да израдуваат семејства и деца кои се во социјален ризик.
Од 12-ти до 17-ти декември 2019 год. непосредно пред празникот, во маркетите на Бонита, Џими маркет, Мега, Шопе и Форум, како и градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп ќе бидат поставени кошници за донација на храна. Сите добронамерници кои ќе пазарат ќе можат да донираат во специјално означената кошница. Хуманитарната акција “Подари со радост” ја реализираат Здружението „Епилепсија Македонија“, со поддршка на Општина Прилеп. Целта е да се собере храна, намирници потребни за секојдневието за оние семејства кои се социјално загрозени, пред големиот христијански празник Св. Никола.

– Ние се водиме по примерот на Свети Никола, бидејќи тој делел храна на болните и изнемоштените лица со голема и племенита љубов. Со оваа хуманитарна акција се надеваме дека ќе допреме до срцата на дечињата, да ги усреќиме со новогодишно пакетче, за и тие да ја почуствуваат новогодишната магија како и сите други. Заедно во соработка и со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп ќе дојдеме до ранливите категории и на 18-ти декември, пред празникот Св. Никола ќе им ги поделиме пакетите, велат од Здружението Епилепсија Македонија.

Овој хуманитарна акција започна минатата година по повод патронот на градот Свети Никола, кога беа донирани 11 хуманитарни пакети, а идејата е да се одржува и за другите големи христијански празници.

Би можело да ве интересира

Хуман гест! Средствата од билетите за компјутер за Стефани

Елизабета Филипоска

За ПЧЕЛАТА – најбитното живо суштество на Планетата, по повод 20-ти Мај, Ден на пчелата

Елизабета Филипоска

Здружението „Преродба„-што е важно за Бадник?

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе