0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

Божик повторно ќе собере 500 деца на свечен ручек во Прилеп

Детската амбасада за сите деца во светот за Христовото Раѓање – Божик, и годинава ќе организира свечен ручек во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп по мотото „Едно небо за сите деца. На пладне 500 деца ќе се дружат и ќе го слават Христовото раѓање. Прославата во организација на Детската амбасада е по 14-ти пат. Ќе присуствуваат деца од сите градови од земјава, без оглед на вероисповедта и националноста.
– Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децата. Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската амбасада, дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е позначајно од среќата на детското лице. Затоа, на оваа Божиќна трпеза имаме покането и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат, рече Александра Северкоска извршен директор на Детската амбасада за сите деца во светот.
Досега, со Божиќниот ручек биле вкупно опфатени 7000 деца.
Амбасада за сите деца во светот ќе го додели најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ на Акционерско друштво за производство на лекови, медицинска опрема и материјал, промет и услуги, д-р Пановски од Скопје.
Божиќниот Ручек ќе го благослови владиката Петар. Сите деца ќе добијат пакетчиња.Танц студиото „Зодијак“ ќе ја збогати забавата, како и малите ангелчиња Илина и Јована Николовски од Скопје. Воедно, дел од свеченоста е и македонскиот идол Христијан Тодороски.

Амбасада за сите деца во светот ќе додели и признанија „ Плакета за пријател на децата“ и тоа на: компанијата Кромберт и Шуберт, градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, како и третото Дете амбасадор, Трајче Камчески.
Организацијата и на овој 14-ти по ред Божиќен ручек се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, Општина Прилеп, повеќе компании, како и медиумски покровители, меѓу кои и Радио Пела.

Би можело да ве интересира

„Полска полица“ во Градската библиотека во Прилеп

За пензионерите на Прилеп по два часа бесплатен Јавен градски превоз

Елизабета Филипоска

Поевтинуваат бензините и екстра лесното масло за домаќинство

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе