2.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

Витаминка, осма година, се претставува на престижниот саем ISM 2020 во Келн

Витаминка има успешно претставување на својот асортиман производи на најголемиот саем за кондиторски производи – ISM 2020 во Келн, Германија што започна на 2ри и ќе трае до 5ти февруари 2020 година. Саемот претставува одлична можност за претставниците на нашата најголема компанија која работи во прехранбената производствена индустрија, да ги продлабочат односите и соработките, како и да остварат нови контакти со потенцијални дистрибутери ширум светот.

Настапот на саемот ISM 2020 е од големо значење за изложувачите, затоа што на тој начин се обезбедува успешно пробивање до светските пазари. Прилепска Витаминка традиционално зема активно учество на овој престижен саем осум години по ред и се претставува со целиот асортиман на грицки и слатки производи, кои што предизвикуваат особен интерес од страна на посетителите. На тој начин компанијата го потврдува фактот дека преку континуирани вложувања во асортиманот и квалитетот на производите, како и со креирање конкурентна понуда за задоволување и на најспецифичните барања од страна на потрошувачите се олеснува патот до глобалниот пазар.

Оваа година на ISM беа преставени и најголемите технолошки иновации и сите трендови во кондиторската индустрија, со главен фокус врз потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар со нови и иновативни производи што ќе одговорат на барањата на консументите. На саемот во Келн оваа година учествуваат повеќе од 1600 производители од 65 земји од светот, а се очекува посета од повеќе од 38 000 посетители од 140 земји од светот, на простор од 120 000 м2.

Би можело да ве интересира

Вработените од Еурокомпозит не отстапуваат од барањата за трајно решение

Гордана Цветаноска

Тутунарите бараат анекси на договорите за зголемување на откупните цени

Македонците во просек заработуваат по 3,2 евра од час, речиси колку што зароаботувале пред 4 години. Најплатени директорите и функционерите

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе