1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Одбележана годишнината од смртта на прилепскиот народен херој Кузман Јосифоски Питу

Денеска, преставници од прилепската организација на Сојузот на борци и подржувачи на НОБ, заедно со  преставници од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп  ја одбележаа 76-та годишнина од смртта на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, еден од организаторите на антифашистичкото движење во Македонија.

Делегации од Општина Прилеп,  Сојузот на борци, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, здруженија и граѓани утрово положија свежо цвеќе пред спомен бистата во Алејата на народните херои и пред споменикот на Кузман Јосифоски – Питу во центарот на градот и на бистата на херојот во училиштето  „Кузман Јосифоски-Питу„.  Во рамки на одбележувањето на партониот празник, СОУ, кое го носи името на херојот,  синоќа организира Свечена академија  во театарот „Војдан Чернодрински„,  со осврт кон богатата револуционерна биографија на херојот, рецитали и песни, за да му оддадоа достојна почит на својот патрон .

 

Родната куќа на Кузман Јосифоски -Питу во Прилеп

Кузман Јосифоски – Питу (Прилеп23 јуни 1915 еден од главните организатори на антифашистичкото движење (19381941) и на НОБ во Македонија (19411944). Бил прогласен за народен херој на Југославија на 2 август1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов – СтивОрце НиколовСтрашо ПинџурХристијан Тодоровски – Карпош и Мирче Ацев). Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев).

 

Би можело да ве интересира

РК Прилеп и со половина сили „ја прегази“ Јахона (40:17)

Пела Редакција

Прилеп одбележува 79 години од ослободувањето

Пела Редакција

Дигитализацијата и странските јазици, го потиснуваат мајчиниот јазик

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе