Полетувалиштето на Мечкин камен! Убав сончев ден и Пелагонија на дланка. За момент се наврајќаме на убавината и дарот од природата , за да, за момент, ја „убиеме корона мислата„ кои не опкружува. И, да се потсетиме, колку нам, ваквата глетка ни треба за очите, за свежината на мислите, и колку, за оваа убавина, дадена од Бога, вреди да се внимава и да се почитува животот, наш, и животот на другите.
Погледот од оваа височина , (од 1220 м.надморска висина) плени. Верувам, нема да останете рамнодушни на фотографиите (направени, од мојата пријателка, на која и благодарам ), зашто не потсетуваат како денеска изгледаше Крушево , сончево, чисто, прекрасно, не допрено од урбаната „дивина“, извор на здравје и свеж, чист воздух .
Крушевчани, за среќа, немаат заразени од новопојавениот вирус,кој го коси човештвото, и дај Боже , така да остане, иако и таму , меѓу оваа природна убавина, темата е актуелна и претпазливоста на Крушевчани е на високо ниво.
Но, тие, имаа убави планови и убава мисла – да ја обноват тревата на полетувалиштето и да го зголемат просторт двојно повеќе, односно тревата треба да покрие простор од 2042 метри квадратни што ќе биде за повеќе од двојно поголема површина од постоечкото полетувалиште, чија моментална големина е помалку од 1 000 метри квадратни.
„Вештачка трева и уредувањето на полетувалиштето ќе овозможат одржување на многу поголеми меѓународни параглајдинг и натпревари во змајарство.“- велат од ЛС.
И,… Крушево и Пелагонија Ви е на како дланка! Да го чуваме овој „природен бисер„!
На 3-ти март Центарот за развој на пелагониски регион го објави тендерот за набавка и монтажа на нова вештачка трева за полетувалиштето на Мечкин Камен.