0.8 C
Прилеп
вторник, 24 декември, 2024
Пела Радио

Нови, итни заштитни мерки од Општина Прилеп за ранливите категории

Од денеска, Општина Прилеп воведува итни дополнителни локални заштитни мерки од ширењето на корона вирусот. Пет тимови од по 2 волонтери ќе доставуваат намирници за стари, изнемоштени и хронично болни лица. Се воведува и телефонска линија за таа намена.

 

„Воведуваме телефонска линија со број 048/401-700, на која стари, болни, изнемоштени и возрасни лица со хронични заболувања, како и лица со посебни потребни,секој ден од 8 до 18 часот,ќе можат да побараат помош за набавка и достава на намирници за храна, лекови и други средства за лична хигиена и дезифенција.

Акредитирани волонтери од општина Прилеп, опремени со заштитни средства, после телефонскиот повик, ќе ги посетат граѓаните во нивните домови и со средства од граѓаните, ќе ги набават потребните артикли од маркети и аптеки по избор на самите граѓани и ќе ги достават во нивните домови, рече на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовански.

Целта е да се заштитат најраливите категори на граѓани од корона вирусот и да се намали можноста да бидат изложени на ризик од заразување и што помалку да излегуваат од нивните домови, а во исто време да се помагне да се намали протокот, односно движењето на старите, болни, изнемоштени и хронично болните лица во градот, во маркетите и аптеките.

Градоначалникот Јованоски упати апел да не се злоупотребува телефонската линија, а веќе од утре ќе биде востановена бесплатна тел. линија.

 

– Истовремено, како градоначалник на општина Прилеп, упатувам апел до сите маркети и маалски продавници од општината, да се подготват за онлајн нарачка и достава на артикли до граѓаните во нивните домови.

Исто така, апелирам на повисока општестевна одговорност и сакам јавно да ги повикам стопанствениците и бизнисмените од нашиот град, во овие моменти на справување со Коронавирусот, да им излезат во пресрет на социјално-ранливите категории на граѓани, преку донирање на прехрабени артикли и средства за хигиена и дезинфекција.“, изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Волонтерите, засега вкупно 10 мина немаат никакви симптоми од познатите на корона вирусот и ќе бидат обезбедени со заштитна опрема при доставата на намирниците.

Би можело да ве интересира

ВМРО ДПМНЕ ги промовираше кандидатите за пратеници

Општина Крушево по втор пат го добива приматот „Супербрендс“

Гордана Цветаноска

Идната недела субвенции за граѓаните кои аплицираа за клима уреди и велосипеди

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе