3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Биткоин надмина 7.000 долари – колку електрична енергија се користи за „копање“ на Биткоин?

Биткоин помина уште една граница, крипто-валутата надмина 7.000 долари, што претставува нов рекорд.

Со оваа цена е исплатливо решавањето на проблемите да се троши и повеќе електрична енергија, што секако можеби и не е случај. Колку што е повисока цената, толку повеќе компјутери копаат биткоини.

Кога се појави биткоин, копањето на криптовалутата беше релативно лесно и не беа потребни „супер-компјутери“. Денес тоа не е случај, а ловот на крипто валути придонесе рударите да мора да внимаваат и на електричната енергија која ја трошат.

Со растот на цената на криптовалутата, расте и електичната енергија која е економски исплатливо да се потроши при рударење. Со оваа цена на валутата исплатливо е вкупната потрошената енергија на копање на глобално ниво да достигне над 24 TWh. Оваа бројка не е занемарлива и за споредба тоа вкупната електрична енергија која ја троши Нигерија, вели Motherboard.

Цената на биткоинот во моментов секако не е поврзана со електричната енергија. Главна причина за висината е интересот на инвеститорите кои ги купуваат битконите.

Што е Биткоин?

Биткоин е децентрализирана виртуелна валута на која често се гледа како нов тип на пари. Дигиталниот токен со кој може да се купуваат работи на интернет или да се заменува во офлајн светот преку електронски уреди, не е поврзан со банките, туку е креиран од корисниците кои на својот компјутер решаваат математички проблем, а секој пат кога проблемот ќе биде решен корисникот е награден со монета. Секој биткоин пуштен во употреба до денес, е всушност уникатен регистарски број кој се префрла од дигиталните новчаници на корисниците. Биткоините одат во виртуелни поштенски сандачиња на корисниците за кои не постои регистрација, со што се овозможува целосна анонимност.

Би можело да ве интересира

Подготовки за откуп на тутунот – земјоделците очекуваат добра понуда

Гордана Цветаноска

Граѓаните се повеќе осиромаштуваат

Тутунарите ќе ги добијат субевенциите! Изгласан законот за земјоделство и рурален развој

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе