14.7 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Продолжува склучувањето на договори за производство на тутун

Тутунарите кои од различни причини не успеале да склучат договори со откупните фирми тоа ќе можат да го сторат до крајот на месецот, се вели во соопштението од ресорното министерство.

До 30-ти април е продоложен рокот за склучување на договори за производство и откуп на тутун за реколтата 2020. Оваа одлука се донесе на денешната владина седница, а во координација и по барање на откупните претпријатија и на производителите на тутун.

Ваквата одлука се донесе поради вонредната состојба на територијата на државата прогласена заради пандемијата од коронавирусот, поради што процесот на склучување на договори во месец март, не се одвиваше со иста динамика како во месец февруари 2020 година.

 

Според извештаите кои произлегуваат од информативниот систем за евиденција на тутун (ИСЕТ), за реколта 2020 година до 7- ми Април 2020 година се склучени 29.531 договори, на површина од 11.936 хектари за планирана количина од околу 22.654 тони тутун. 

Во координација и по барање на откупните претпријатија и на производителите на тутун, за да можат да склучуваат договори и по законскиот рок, кога би се договориле околу 1.500 -1.600 тони тутун, МЗШВ предложи, а Владата денеска го прифати предлогот за одложување на рокот за склучување на договори за производство и откуп на тутун, односно продолжување до крајот на овој месец. 

 

Би можело да ве интересира

Без утврдени цени, се подготвуваат договорите пред новата реколта

Гордана Цветаноска

Тутунарите ќе ги добијат субевенциите! Изгласан законот за земјоделство и рурален развој

Тајната на квалитетното јајце од живинарската фарма Долнени е во природата (ВИДЕО)

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе