-2.2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Симболично одбележување на Денот на Ромите – хуманитарна помош за Ромите

Со кревањето  на знамето на Ромите на јарболот пред  општинаската зграда, денеска , во Општина Прилеп, симболично беше одбележан Меѓународниот Ден на Ромите, 8 -ми Април, во присуство на двајцата советници Роми и Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски ,како и и градоначалникот,Илија Јованоски .

Воедно , поради новонастанатата состојба со КОВИД 19 и поради социјо-економската положба на ромската популација,  во соработка со општествено одговорни компании од Прилеп , општината,  на 330 социјално загрозени семејства, од населбата Тризла 2.  им  донира хуманитарни пакети со прехрамбени продукти.

Честитки по пово денот на Ромите упати и  Координаторот на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ  и Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Петар Ристески .Тој на својата фацебоок страна напиша:

„Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, e ден кога се слават историјата, културните вредности и посебноста на ромската популација.
Од мое име и од име на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, им го честитам на сите наши сограѓани од ромската заедница Меѓународниот ден на Ромите – 8 април.
Вие Ромите сте наши сограѓани со кои со векови заеднички го градиме соживотот, толеранцијата и меѓусебното почитување на различностите во Прилеп.
Вие сте неизоставен дел од нашето општество, ризница од посебна култура и традиции кои треба сите да ги почитуваат и вреднуваат.
Унапредувањето на политичката, културната и социо-економската позиција на Ромите во општество, треба да биде еден од приоритетите на сите фактори во државата, затоа што ромското население тоа го заслужува и затоа што ова население отсекогаш било лојално кон Република Македонија.
Во овие моменти кога сите се справуваме со пандемијата предизвикана од коронавирусот, ви посакувам добро здравје на сите вас. Чувајте се!“-напиша Ристески

Би можело да ве интересира

Дизелот повторно поскапува

Илинденско чествување во Прилеп

Гордана Цветаноска

В сабота земјоделска трибина во врска со тутунскиот откуп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе