0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

Јованоски: Ќе барам армијата да и’ помогне на полицијата за спречување на групирањето !

Само во текот на вчерашниот ден, синоќа, од Прилеп преку Инстутот за јавно здравје Скопје биле потврдени уште 14 позитивни случаи со Ковид 19, кои што се дополнителни на 8 те позитивни за 11 ти април. Од Општина Прилеп вчера беше констатиран и првиот смртен случај. Вкупниот број на позитивни на корона вирусот заклучно со денеска во општината изнесува 75 лица. Градоначалникот Илија Јованоски, упатувајќи сочувство до семејството на починатиот, информираше дека ќе бара помош од војската за да се спречи групирањето и социјалните контакти на прилепчани.

– Последните податоци покажуваат дека влегуваме во втората фаза на пандемијата, во која бројот на заболени граѓани рапидно се зголемува. Од вкупната бројка, две третини 50 тина се работоспособни луѓе, а останатите се во повозрасната група, над 65 години и има 4 деца. Заради сето ова и прогресијата на новозаразени од корона вирус – барам воведување на дополнителни мерки. За таа цел утре во посета на општината ќе бидат вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шеќеринска и вицепремиерот шефот на централниот кризен штаб Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Ќе разговараме за мерките кои дополнително треба да ги преземеме. Ќе побарам поголема вклученост на армијата за спроведување на мерките и препораките на Владата и министерството за здравство. МОРА ДА ГО СПРЕЧИМЕ ГРУПИРАЊЕТО, ОСОБЕНО ПРЕД БАНКИТЕ И МАРКИТИТЕ! Ќе побарам армијата да биде вклучена на начин да овозможиме граѓаните да не се групираат.Исто така, сакам да потенцирам, компаниите каде има потврдено случаеви на нивни вработени кои се заразени со корона вирусот, во вакви услови не смеат ниту да помислат повторно да ги реактивираат своите производни капацитети, додека не се создадат барем минимални услови за работа според проценките на надлежните служби, рече Јованоски.

Градоначалникот апелираше до граѓаните да се почитуваат мерките и препораките:
– Мора без условно и без исклучок да ги почитуваме мерките за заштита од корона вирусот. Се работи за вашите семејства, за вашите најблиски, за вашето здравје и здравјето на сите нас, потенцираше Јованоски, честитајќи го католичкиот Велигден, како и големиот православен празник Цветници.
Градоначалникот Јованоски не одговори прецизно, дали само ќе се бара помош од АРМ или во игра е опцијата за целосен карантин по примерот на Дебар. Дополнителните мерки ќе се знаат утре по средбата со министерот за одбрана Радмила Шеќеринска и вицепремиер и шеф на централниот кризен штаб Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во консултација со Општинскиот кризен штаб која што е закажана утре, 13 ти април, околу пладне.

Би можело да ве интересира

Утре во функција и модуларната болница

Елизабета Филипоска

Нема откуп и протести до петок, кога ќе се бара решение меѓу тутунарите и откупувачите во ресорното министерство

Гордана Цветаноска

Мирен протест пред прилепскиот затвор за поддршка на осудените од 27 ми април

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе