1.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп: Сите механизми се користат против невидливиот непријател

По барање на градоначалникот Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб, од денеска припадниците на Армијата се во Прилеп да помагаат за спречување на групирањето на граѓаните пред банките и маркетите, со цел да се почитува социјалната оддалеченост. Војниците ќе бидат на располагање на кризниот штаб во одредувањето на локациите: пред банки, маркети и во парковите, каде што е потребно да се превенираат собирите на поголем број граѓани.

– Она што вчера го побарав од Армијата, како помош на нашата општина, денеска ми беше одговорено ескпресно и заради тоа упатувам благодарност. Од денеска се на располагање 15 тина припадници на Армијата, каде што има најголема потреба, пред маркетите и пред експозитурите на банките. Морам да спомнам несовесни, кои што не го почитуваат редот, мерките и препораките и знаците- налепници, кои беа поставени во текот на ноќта и утринските часови за почитување на растојанието од еден до друг кога се чека на ред.

Да се превоспитаме затоа што ништо не доаѓа однадвор. Се е одвнатре и ако успееме да ги спроведиме и почитуваме мерките ќе има помалку заразени, помалку болни. Тоа е и мојот апел за овие Велигденски празници, да ги почитуваме максимално мерките, рече градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Двајцата вицепремиери Шекеринска и Османи и министерот Сугарески учествуваа и на седницата на Општинскиот кризен штаб .

–  Задачата на Армијата не е да создаде страв, туку почитта која нејзините припадници ја уживаат кај граѓаните, да помогне при создавањето на ред. Сакам да и’ честитам на Општина Прилеп, која е прва општина во државата што ги обележа местата пред маркетите и банките, со што им препорачува на граѓаните каде да стојат и да ја почитуваат дистанцата. Општината го прави своето, Армијата дава поддршка, секој од нас одлучува дали овие препораки ќе спасуваат животи, или нема да се почитуваат, потенцираше Шекеринска.

Вицепремиерот Бујар Османи, потенцираше дека мерките и препораките мора да се почитуваат,а се ставаат сите механизми од Владата на општинските штабови.

– Локалните мерки, покрај централните, треба да продолжат да се спроведуваат. На граѓаните сакам да им честитам за охрабрувањето и дисциплината која ја покажуваат насекаде низ државата. Благодарност до Министерството за одбрана и Армијата, за дополнителната помош која им ја даваат на Општинските кризни штабови во справувањето со епидемијата. Како координатор од Владата, сакам да потенцирам дека ги ставаме на располагање сите механизми кои им се потребните Општинските кризни штабови, со цел да ја локализираме оваа зараза и сите заедно да излеземе посилни од неа“, изјави вицепремиерот Османи.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески потенцираше дека посебно признание треба да им се оддаде на здравствените работници, Армијата и Министерството за внатрешни работи.

-. За нас е исклучително важен и економскиот момент, затоа секојдневно носиме мерки со кои на одреден начин правиме олеснување на состојбата. Конкретно во мојот ресор, донесовме одлуки во делот на олеснување на сертификатите со кои работат транспортерите, меѓународниот транспорт е комплетно исклучен од полицискиот час, како и продолжување на лиценците на градежните компании, се’ со цел да ја заштитиме економијата, рече Сугарески.

На Клиниката за инфектологија во Скопје почина маж на 68 годишна возраст од Прилеп и тоа е вториот смртен случај. Регистрирани се 3 нови случаи на инфицирани, а на Инфективното одделение во прилепската болница хоспитализирани се 9 лица сокоронавирус, како и 5 лица сомнителни на КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

Без организиран превоз останаа учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп

Гордана Цветаноска

Останаа записите за херојството на Прилеп иако „исчезна“ орденот со кој Прилеп е одликуван за град херој

Елизабета Филипоска

Дали и како ќе се регулираат новите медиуми (социјалните мрежи) на македонскиот пазар?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе