22.2 C
Прилеп
петок, 2 мај, 2025
Пела Радио

До 10 ти јуни учениците нема да се вратат во училишните клупи

До крајот на учебната година, наставата во основно и во средно образование учениците ќе ја следат онлајн. Ова значи дека учениците до 10 јуни нема да се вратат во училишните клупи.

Ова, го изјави министерот за образование и наука, Арбер Адеми, на прес-конференција, говорејќи за сетот образовни мерки коишто Владата ги донесе денеска на седница.

Државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа година се укинати, што значи дека учениците ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и во претходните години.

На овој начин матурантите ќе можат да бараат работа или да го продолжат високото образование на факултетите.

Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни, а списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули.

Би можело да ве интересира

(Видео) Бајковити тоалети за децата со посебни потреби во ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп

Елизабета Филипоска

Петар Мирчески: Хемијата ме однесе во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Пела Редакција

Стипендии за 20 прилепски студенти кои ќе студираат на Економскиот факултет во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

Заслелди нè!

Вашата поддршка е од огромно значење за нас.

Линк за поддршка!