1.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

До крајот на месецов завршува реконструкцијата на стариот пат до Битола

И покрај здравствената криза капиталните проекти се одвиваат со несмален интензитет, потенцираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој денеска беше на увид во градежните работи на реконструкцијата од регионалниот пат Прилеп- Тополчани – Битола. Особено, нагласи тој, ќе се забрзаат активностите во тековниов месец и јуни. Во регионов, градежните екипи привршуваат на три патни делници:

– Овој пат е исклучително важен за регионот, а го користат и голем дел од населените места. Она што сме известени од изведувачот и надзорот, завршните работи треба да привршат за краток период (поставување на огради, бележење), така што до крајот на месецот целосно ќе биде завршен овој патен правец.
Асфалтирањето на патната делница Фариш – Дреново очекуваме во следните 10 до 15 дена комплетно проектот да биде завршен со поставување на вториот слој на асфалт. Станува збор за десетина километри. Воедно, се работи на патниот правец Лагово кон Мариово во дложина од 7 до 8 км, при крај е гребењето на асфалтот и се планина до крајот на месецот или почетокот на следниот месец да завршат работите и на таа патна делница.
За патот од Фариш до Прилеп наскоро ќе биде распишан тендер за изградба на трите ленти, а паралелно ќе се распише тендер и за проширувањето на двете ленти, за околу 4 км, за што се обезбедени средства од ИПА Програмата. Во јуни се очекува да биде распишан тендер за преостанатите 70 – 80 % во делот од Фариш до Дреново. Во пелагонискиот регион паралелно ќе се рехабилитираат голем број на патишта, како што е тој до Меџитлија, Кривогаштани – Крушево и други, рече Сугарески.

Воедно, продолжува и гасификацијата, која што, според ресорниот министер е 87 % завршена на кракот од Кавадарци, Неготино, Прилеп, Битола.

Регионалниот пат Прилеп – Тополчани – Битола е изграден 1964 – 65 година и од тогаш не се преземени градежни работи за негова рехабилитација. Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов појасни дека според предвидената динамика реконструкцијата требало да заврши до август, но тоа ќе се случи 2 месеци порано.
– Ги завршивме 15 те км во ширина од 6 – до 8 м. Асфалтирањето е завршено, како и сигнализацијата, така што овие денови се местат последните делови на еластична ограда. На градежниот факултет се работи на проектот за автопатот Прилеп – Битола. Околу Фариш се рехабилитираат 10 км, активностите се отпочнати есента и се очекува околу 20 ти мај, по завршување на 7 те мостови, да биде поставен вториот слој на асфалт, рече Китанов.
Што се однесува на делот од експресниот пат Прилеп – Градско за кој што се раскина договорот со шпанската компанија Рубау завршено е проектирањето, така што се очекува кон крајот на месецов или почетокот на јуни да се објави тендерот за довршување на оваа патна делница која е 70 % за доизградба.

Би можело да ве интересира

РК Прилеп собир и упис во младите категории од 8 до 12 години

Пела Редакција

Прилеп: „Слобода на народот“ – протест во организација на ОК ВМРО ДПМНЕ

Гордана Цветаноска

Кога ќе заврши реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“ ?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе