0.8 C
Прилеп
среда, 25 декември, 2024
Пела Радио

Идната недела субвенции за граѓаните кои аплицираа за клима уреди и велосипеди

Локалната самоуправа на Оптшина Прилеп, во текот на следната недела планира да ги улати субвенционираните средства на сметките на граѓаните кои апалицираа за набавенка на инвертори и велосипеди. Оттаму велат дека  во завршна фаза е постапката за исплата на субвенциите

„ Останува членовите на комисијата формирана за таа намена, да ги посетат домовите на  дел од граѓаните кои конкурирале за субвенции за инвертори. “- велат локалните власти

Инаку, според Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на ОпштинаПрилеп за купување клима уред-инвертери и купување велосипеди за 2020 година,општината објави јавен повик на почетокот на март и требаше да трае докрајот на месецот.Јавниот повик  се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“. Граѓаните ја аплицираа ,по јавниот повик носејќи ги потребните документи лично во општината. Но, поради пандемијата настана промени во доставата надокумените, кои требаа да се принесат на маил.Ситуацијата со коронавирусот ги пролонгира активносите,кои беа наменети со цел почист воздух и намалување на аерозагаденоста.

Вакава одлука ,субвенционирање на клима уреди и велосипеди ја донесоа советниците на седница на Советот на Опшина Прилеп . Предвидено е 400 граѓани да бидат субенционирани со клима уреди, а 200 со велосипеди. За оваа цел од буџетот на општината се одвоени 6 милиони денари, одлука, која едногласно ја донесоа советниците, кон крајот на  минатата година на последната седница на Советот на Општина Прилеп

Би можело да ве интересира

Зошто 8 ми април е Светски ден на Ромите, по што се издвојуваат македонските Роми во светот?

Гордана Цветаноска

Прилеп формира уште едно ЈП

Елизабета Филипоска

Во паркот на Могила ќе се одржи „Пролетен хепенинг“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе