Комфи Ангел денеска имаше со што да се пофали – една година од постоењето на популарната онлајн – продавницата Сомниашоп. Идејата за интернет продажбата дошла пред точно една година од вработените во секторот дизајн, која што потоа на многу лесен и едноставен начин со поддршка на менаџментот, а благодарение на ентузијазмот и волјата денеска реално функционира во Комфи Ангел за жителите на територијата од Македонија.
– Реакциите кои доаѓаат од купувачите што пазарат преку оваа виртуелна продавница се дефитивно за респект. Имено, нашата цел беше пред се производот што се карактеризира со соодветен квалитет, да биде достапен за нашите сограѓани од земјава, со оглед на тоа што надоместот за ваквото купување е релативно мал, па од тие причини сакавме да биде и во секој дом. На овој начин пристапот до нашите производи е непосреден и полесен. Но постои и друга причина поради која се наметна оваа идеја – сакавме да бидеме меѓу првите кои што ќе потврдиме и покажеме дека користењето на личните податоци при купување онлајн се безбедни и заштитени, покрај останатите обврски за квалитетот на производот, цената и времето за доставување на порачката преку интернет, вели Ирена Јакимоска косопственик на Комфи Ангел.
Платформата на Сомниашоп за онлајн продажба, Комфи Ангел продолжува и понатаму да ја развива во земјата, во регионот и во Европа. Плановите на компанијата се да ја надоградуваат идејата на онлајн продажба што е водечки тренд моментно во светот.
Среќен прв роденден Сомниашоп!