-0.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Прошетка низ градините на Виландри празник за очи

Низ збор и фото прошетка во еден од француските замоци по долината на Лоара

 По течението на  француската река Лоара, во должина од околу 100 километри, сместени се многубројни ренесансни замоци кои пленат со својата убавина, уреденост, каде сонцето силно свети, а небото е сино.

Тука, за секој посетител е вистински рај за очите. Природата плени, а на воздишките им нема крај. Цвеќиња, зеленило, жубор на вода на секој чекор. Вистинско задоволство да шеташ и да ужуваш.

Еден од замоците кои секој посетител го остава без здив, и посакува повторно и повторно да се врати тука, е замокот Виландри. Ренесансен замок  изграден во 1189 година, кој бил важно престојувалиште и за  француските кралеви. Замок, кој низ вековите ги менувал своите сопственици. Прекрасно здание со оригинална архитектура, со големи прозорци, орнаментални градини, разместени различно, со цел да се постигне убавина.

Последен замок од времето на ренесансата, замислен и финализиран во 1536 година од Жан Ле Бретон.

Виландри пред јавноста бил отворен во 1920 година. Ова е скапоцен камен на француското национално богаство благодарение на Јоаким Карвало. Градините се изработени во ренесансен стил. Секој намерен посетиле може да забележи дека се расположени на три нивоа, градени  и добро компонирани. На прв поглед се забележува строгата геометриска линија и јасно изразени архитектонски  решенија.

Алеи со цвеќиња, патеки со зеленило, а во најгорниот дел мало езеро чиј звук ве привлекува да се доближите, да поседите на клупите покрај него и да уживате, да мечтаете.

Декоративната градина на средината на терасата го привлекува вниманието со самите форми и е градина на љубовта. На северозападниот дел  градина во форма на срце, а свероисточниот  градина посветена не само на верата, туку и на љубовта со многу цветови.

Стекнувањето на имотот од Јоаким Карвало значи враќање на нивните корени за градините на Виландри. Веќе познати по нивната убавина во ренесансата, различни сопственици сукцесивно ги трансформирале, за сега да станат романтична градина.  Карвало  со голема прецизност ги рекреирал градините, кои низ годините постојано се менувале.

Првата градина е украсна геометриска градина зад централното крило со високи граници од грмушка: на четири квадрати претставува трагична љубов,, непостојана љубов, нежна и љубовно лудило.

Втората градина е од другата страна на одбрамбениот ров, растителни градина со пониски грмушки граници со различни форми, во рамките на кои растат околу 20 растенија типични за времето на Бретон, во монокултура. Цвеќињата се раздвојуваат со патека испрскана од песок со повремени вазни, грмушки, рози со високи стебла, зелени чадори и вкрстени огради. Оттука, 4 скалила водат кон зголемено ниво со три големи квадрати со централна четириаголна фонтана; тука растат ароматични и лековити билки. Долгите скали со зелена граница, поставени попречно на оската на споменатите 4 скалила, водат понатаму кон патеката со дрво со пристап до водната градина. Наменета е симетрично околу голем централен базен со полукружна завршница – лево и десно од тоа се осум лепенки на тревник со централни кружни влезови. Целата е граничи со аголни градинарски дрвја.

 

Малку историја

Според археолошките наоди, во ренесансата имало декоративна кујна градина. Во 18 вел биле зголемени и збогатени со формална градина, потоа со украсно езеро во форма на огледало на Луј 15.

Основите биле уредени во англиски стил засадени со кедар, бор, грмушки, магнолии, со порта со многу зеленило и дрвја.

Ова не било по вкусот на Карвало, па затоа во периодот од 1908 до 1918 година целосно се посветил на реконструкција на градините во ренесансата, сметајќи дека треба да бидат погодни и убави градини.

За да ги создаде украсните градини на терасата, го повикал  уметникот Лозано, шпанскиот архитект Хавиер де Винтуисен да го дизајнираат  делот со крстовите и градината на љубовта. Делот за музиката е од самиот Карвало.  За водената градина биле искористени стари планови.

Потомците продолжуваат со развивање на Виландри со строгост и несебичност што создаваат извонредни градини.

Градината со тревки е креација од 1970-тите; сончевата градина, заснована на дизајн на Јоаким, била инаугурирана во 2008 година, како прекрасен начин за одбележување на стогодишнината од рекреацијата на овие исклучителни градини.

Градините на Виландри се вистинска атракција за секој намерник. Зелен пејзаж, кој ви ја нуди сета природна раскошна убавина и одмор за очи/

Текст и фото:Каролина Мицевска

 

Би можело да ве интересира

Во прилепскиот театар премиера на претставата „Круг“

Гордана Цветаноска

Поетско Маркукуле се сели на летната сцена во Прилеп

Убавините на Паркот на Могилата

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе