1.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Ќе го победиме Заев на домаше терен, а најголемо ветување на ВМРО ДПМНЕ ќе биде изградбата на автопатот Велес- Бабуна – Прилеп- Битола – грчка граница

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во 4-тата изборна единица, Александар Николоски  денес во Прилеп по повод одбележувањето на на 17-ти  јуни , датум со кој  ВМРО ДПМНЕ слави 30 години од возобновувањето на ВМРО во политичка партија ВМРО-ДПМНЕ,  истака дека најголемото ветување во изборнта кампања на ВМРО ДПМНЕ ќе биде изградбата на  патот Велес, преку Бабуна до Прилеп, Битола и грчката граница.

Најкрупното ветување кое ВМРО-ДПМНЕ го има во програмата за „Обнова на Македонија“, најкрупно ветување не само за четвртата изборна единица, туку и во целата програма што ја имаме, е изградба на автопат кој ќе оди од Велес, преку Бабуна до Прилеп, Битола и грчката граница. Тоа ќе биде автопат кој економски ќе ја заживее централна Македонија, ќе ја поврзи автопатски Македонија со југот, со Грција, како и со западот преку Охрид со Албанија и треба да значи едно сериозно задвижување на економијата, спој до две пристаништа, Солунското и до пристаништето до Драч, како и развој до целиот овој регион. Тоа е најголемото ветување кое ќе го имаме во кампањата која што следува, значи автопатско решение од Велес, преку Бабуна до Прилеп, Битола и грчка граница – нагласи  Николоски  и додаде  

„Денес по некоја случајност е денот кога пред две години се потпиша договорот со кој што се промени името на Македонија и национално се обезличи Македонија. А исто така денес кога доаѓав наваму го видов незавршениот експресен пат од Градско до Прилеп, кој досега требаше да биде одамна готов, а кој за жал неспособната власт не успеа да го изгради и за жал во 21 век мораме да доаѓаме по ваква инфраструктура. Не само тука, туку и во Битола и во целиот овој Пелагониски регион„  – рече Николоски

На новинарското прашање “како планирате да го победите Заев во 4 ИЕ?“, Николоски одговори:

„Јас имам голем предизвик и не случајно ја одбрав 4 ИЕ.  Иако, имав можности да бидам и во дуигите изборни едници, одбрав да бидам во 4 ИЕ, за да го победиме  Заев на негов терен. И,  мислам дека имам најлесна задача, затоа што, за жал, во 4 ИЕ , од која истиот е избран , најмалку е реализирано. Гледам сцени , вчера и денес, од неговото родно Муртино како луѓето се поплавени буквално од еден обичен пролетен дожд кои заврна овие денови,  и мислам ќе имаме една многу лесна задача. Ќе го победиме Заев дома и ќе го победиме во целата држава – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во 4-тата изборна единица, Александар Николоски

Тој при посетата на Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на Никола Карев и Пере Тошев, и ја истакна улогата  на ВМРО ДПМНЕ која денеска го бележи својот значаен јубилеј. Тој при тоа рече:

„ВМРО-ДПМНЕ во овие 30 години е стожер на македонските национални интереси, двигател на економскиот прогрес и браник за националните понижувања. ВМРО-ДПМНЕ во овие 30 години е гласот на прогресот, гласот на прогресивните сили и останува да биде такво во периодот кој што доаѓа. Симболично денес сакав да дојдам тука во Прилеп, затоа што во Домот на културата „Марко Цепенков“ се одржа првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во 1991 година, на кој што конгрес се поставија основите на организираното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа за нас Прилеп има огромно значење, Прилеп е град од кој потекнуваат многу револуционери, на дел од нив денес им оддадовме почит. Самото мое присуство во Прилеп на овој симболичен начин, имајќи во предвид дека се обидуваме да ги заштитиме сите здравствени протоколи и да го заштитиме здравјето на граѓаните, не сакавме да направиме големи собири, туку вака на симболичен начин да покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ е тука и ќе продолжи да биде тука и во годините кои што доаѓаат. Се надеваме да славиме и поголеми јубилеи и ние и Република Македонија“ – рече Николоски при посетата на Прилеп

 

Би можело да ве интересира

Талевски: Се обврзавме и стоиме на ветеното за тутунарите

Гордана Цветаноска

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: со оставката на Локвенец, дното за неспособност е пробиено!

Бунтеска: Прилеп со новата локална власт со сигурност го враќа стариот препознатлив сјај!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе