1.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Парични награди и дипломи за првенците на генерацијата од прилепските основни и средни училишта

17-те ученици кои во учебната 2019/2020 год. постигнале најдобри резултати првенци на генерација од основните и средните училишта од општина Прилеп, им беа врачени парични награди и дипломи.

„Како стимул за постигнување уште поголеми успеси, на 17 ученици кои во учебната 2019 – 2020 година постигнале најдобри резултати, им доделивме дипломи и парични награди во висина од 4.000, односно 6.000 денари. Во оваа прилика сакам да истакнам дека во изминатиот период, во реновирање и реконструкција на инфраструктурата од областа на образованието, инвестиравме повеќе од 75 милиони денари. Во сите училишта старата дограма ја заменивме со нова, ги реновиравме училниците, ходниците, влезовите и подовите. Ги реконструиравме санитарните јазли, ги уредивме училишните дворови и набавивме нагледни средства и училишни материјали. Во периодот што доаѓа, со ист интензитет ќе работиме нови проекти за реконструкција на фасади, промена на покриви, изградба на котлари, односно на сето она што ќе придонесе за унапредување на образовниот процес. Бидејќи инвестирањето во образованието, е инвестирање во иднината на граѓаните и државата“, истакна градоначалникот Јованоски.

 

„Средното образование го завршив со просек 5.0, бев на многу натпревари, што резултираше со наградата “првенец на генерацијата„. Планирам да се запишам на Медицинскиот факултет во Скопје, што беше моја желба уште од детските денови. Се надевам дека и таму ќе постигнам добри резултати, со цел сите заедно да градиме едно подобро општество, бидејќи во нас е иднината“, изјави Викторија Дунимаглоска, ученичка во Гимназијата „Мирче Ацев“.

 

„Во текот на четиригодишното образование имав просек 5.0. И јас учествував на многу натпревари, а планирам да студирам енергетика“, вели Габриела Лазоска, досегашна ученичка во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“.

Би можело да ве интересира

Младите во Прилеп ќе учат вештини за полесно да се вработат (ВИДЕО)

Пела Редакција

ЈОУДГ “Наша Иднина“ – Прилеп: Откривањето на отстапките од правилниот детски развој започнува од градинката

Елизабета Филипоска

СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ со дуално образование по германски стандарди и многу струки барани на пазарот на трудот

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе