1.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

Прилепската болница се модернизира, останува недостигот од медицински кадар (ФОТО)

Новиот Ургентен Центар, реконструираното Акушерско одделение во ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески“ – Прилеп од денеска стартуваа со работа во современи услови. За пациентите од регионов, тоа ќе значи навремена и модерна здравствена заштита.

– Иницијативата за Ургентен центар во прилепската болница постои 15 години и драго ми е што во овој период е завршен. Тука ќе се вршат прегледи, тријажа, третман на итни пациенти. Ќе има амбуланта за преглед на пациентите, просторија за реанимација, за згрижување на рани, просторија за давање терапија, односно дневна болница со шест кревети. Опремен со ЕКГ и ЕХО апарати, дефибрилатор, монитори, инфузиони пумпи и се друго неопходно за ургентна интервенција. Ќе бидат ангажирани 12 лекари и исто толку медицински сестри, рече премиерот Спасовски од Прилеп.

Гинеколошко – акушерското одделение исто така ќе функционира во современи услови и ќе овозможи родилките да се чувствуваат безбедно и сигурно. Министерот за здравство Венко Филипче нагласи дека „Во една ваква криза за време на пандемија станува сосема јасно колкаво е значењето на јавното здравство за локалното население. “
Но останува проблемот со недостиг на медицински персонал во прилепската болница.

– Ова посебно дојде до израз во време на пандемија кога мораше да бидат максимално ангажирани сите здравствену работници, а посебно во одделот за инфективно одделение кои во овој период успешно и прилично ангажирано се справија со проблемот, рече Драган Богојески, дир. на Општа болница „Борка Талески“.

Градоначалникот Илија Јованоски упати благодарност и честитки до целиот здравствен тим кој што се справува со пандемијата, а воедно, апелираше до младите, по најавите на социјалните мрежи за организирање на забави и собири по кафулињата по 22 часот, да не го ризикуваат сопственото здравје со вакви непромислени постапки, а до полицијата да ги преземе соодветните мерки доколку дојде до тоа.

Би можело да ве интересира

Кривогаштани: водата за пиење е неисправна

Пела Редакција

Кузманоска: Програмата за социјална заштита ќе биде борба против сиромаштијата преку сеопфатни економски и социјални политики

Се чистат дивите депонии од околината на Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе