8 C
Прилеп
петок, 28 февруари, 2025
Пела Радио

Прилeпската библиотека од денеска е отворена за читателите, но со одредени мерки на заштита

По четири месеци пауза поради пандемијата на Ковид-19, библиотеките од денес почнуваат со работа, но со засилени мерки за заштита и посебен протокол кој бара дициплина и одговорност и од вработените и од читателите.

Библиотеката „Борка Талески“ , одделот за возрасни и одвоениот оддел за деца, ќе работат  од 08:30-20:00 часот. Предвидено е работа со корисници, враќање, зајмување на книги, обнова на членство, упис на нови корисници.  Вратените книги ќе се оддвојат посебно и нема да бидат достапни за издавање во наредните 72 часа. Читалната  нема да работи.

„Со цел да ги разменуваат своите книги ,а да бидат заштитани, читателите можат да го закажат терминот на враќање или позамување книга на тел.бр. 048/ 420 066 или на маил од градската библиотека,со што би се направил ред и би се одбегнале поголеми групирања  на лица кои сакаат да позајмат или вратат книга. Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисниц , а на читателите нема да им биде овозможено слободно пребарување по фондот“- истакна Моника Талеска , дир. на градската библиотека „Бока Талески„ Прилеп , за Радио Пела

Според препишаните мерки, вработените и корисниците задолжително треба да носат лична заштитна опрема за лицето, да одржуваат растојание од 1,5 – 2 метри, а објектот ќе обезбеди средство за дезинфекција на рацете и редовно ќе се  чистат просториите. 

Меѓу мерките кои се предвидени од надлежните институции се носење маски, одржување физичко растојание, дезинфекција, точно утврден број на посетители, согласно површината, заштита за вработените, лица кои контролираат дали се почитуваат мерките.

 

 

Би можело да ве интересира

Луѓето ја сакаат вистината – монодрамата „Дневникот на лудиот“ на турнеја низ Македонија

Гордана Цветаноска

Прилепскиот театар со „Хамлет“ ќе гостува во Загреб

Пела Редакција

Изложба на ротирачки скулптури

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе