9.1 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Општините се подготуваат за формирање на регионални Ковид центри

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови, во кои би можело да се постави систем на монтажни модули, односно мобилни болници како подготовка за справување со евентуален есенски бран на пандемијата.
На состанокот одржан преку електронска платформа учествувале градоначалниците од Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола и Ресен и од Прилеп, а по барање на Министерството за здравство. Градоначалниците изразиле подготвеност да помогнат во изнаоѓањето најсоодветни локации, доколку тоа не може да се реализира во кругот на општата болница, како што се слободни училишта, интернати, хотели и слично, при што побарале да им бидат обезбедени дополнителни насоки, планови за проширување на здравствените капаците или предлог-модели со технички спецификации за условите кои треба да ги има локацијата (пристапни влезови и излези, лифтови, дотур на вода, третирање на отпадот и слично).
Со помош на јавните комунални претпријатија, локацијата ќе се доведува во прикладна состојба за да може да се постави монтажната болница. Во овој период исто така е потребно да се изработат неопходните протоколи за одредени постапки што ќе треба да ги преземе општината. На состанокот беше истакнато дека одредени општини се соочуваат со исцрпени локални буџети, и во иднина може да се очекува тоа да преставува сериозна пречка за активности на локалната власт за превенција и заштита од вирусот, наведуваат од Општина Прилеп. На 13 јули, Министерството ќе организира состанок со директорите на болниците во овие градови, од каде ќе добијат дополнителна слика за здравствените капацитети и за техничките потреби за поподготвено превенирање од евентуален, позасилен бран во наредниот период од оваа епидемиолошка криза.

Би можело да ве интересира

Интернационалецот Горан Кузманоски – Таста новото засилување на битолски „Еурофарм Работник“

Елизабета Филипоска

Земјоделците да ги заштитат посевите и насадите, временските неприлики погодни за болести и штетници

Пензиите не може да се зголемат, платите на функционерите мора да се вратат – Институт за економски анализи

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе