1.8 C
Прилеп
четврток, 23 јануари, 2025
Пела Радио

Започна учебната година, 660 првачиња во прилепска општина го имаа првиот училишен час

Во услови на примена на мерките за заштита од корона вирусот, денеска во општина Прилеп започна првиот школски час за 660 првачиња запишани во новата учебна година во 10 основни училишта.

Правилата за следење на наставата за сите нив се во согласност со протоколите за превенција од КОВИД 19. Вкупно 1.260 ученици ќе следат настава со физичко присуство, од кои, најголемиот дел од прво до трето одделение. Во согласност од Владата за настава со физичко присуство добија и подрачните училишта од населените места, во селата Канатларци и Мажучиште до 5-то, во Мало Коњари до 4-то и во селата Радобил и Селце како и посебните паралелки во ОУ „Климент Охридски” и музичкото училиште „Ордан Михајлоски Оцка”.

„Новата реалност ја прифатија и првачињата, но сите заедно ќе ја надминеме оваа состојба, затоа што веруваме во себе, во наставниците, а родителите се соочија со предизвикот од првиот училишен ден“, истакна градоначалникот Илија Јованоски, упатувајќи желби за убава година и успешен пат во образовниот процес на најмладите.

Инаку, во учебната 2020/2021 година, во основните училишта во општина Прилеп настава ќе посетуваат 6.546 ученици. Во средните училишта се запишани вкупно 3.133 ученици.

Со цел да се надминат проблемите со онлајн наставата, Општината објави тендер за набавка на 101 статичен компјутер и на 120 лаптопи,  во одредени училишта ќе се користат старите комјпутери.

Би можело да ве интересира

Промени и предизвици во спроведувањето на инклузивното образование

Пела Редакција

Најди време, да не биде 5 до 12 !!! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Текстилната струка СОУ „Ѓорче Петров“: Некому текстилот му е отпад, некому матерјал за работа

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе