14.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Боксерот Трајче Илиоски собира боксерско искуство во Тирана

Во Арена Бокс клубот во Тирана, викендов, одржа заеднички тренинг, како и спаринг тренинг, прилепскиот боксер Трајче Илиоски со професионалните боксери од боксерскиот клуб од Тирана-Албанија.

Овој клуб го избравме бидејќи располага со добри и успешни професионални боксери. Целта е за збогатување на искуството и градење на успешна професионалната кариера на Трајче Илиоски. Нашиот тим е задоволен од изработениот тренинг и спаринг борбата на нашиот боксер. Иден план ни е да направиме уште еден спаринг до првата профи борба. Во преговори сме првата деби борба да биде на крајот на ноември или почетокот на декември во Тирана, -истакна тренерот од БК “AC” од Прилеп, Дарко Чатлески.


Неодамна младиот и талентиран боксер на боксерскиот клуб “АC” од Прилеп, Трајче Илиоски, потпиша професионален договор со својот тренер Дарко Чатлески и aвстралиската промотерска куќа “DragonFire” и менаџерот Тони Тољ.

Би можело да ве интересира

Каратистот Златко Димоски – тренер на австралиската репрезентација

Џудо клубот СЕИШИН- Прилеп, најдобар во Македонија

ТРИ И ПОЛ ЧАСА БЕШЕ БОРБА ЗА ТИТУЛАТА

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе