2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Прилеп прераснува во шаховски центар

Викендов, 09 до 11 Октомври, на Попова шапка се одигра клубскиот женски шампионат на Македонија. Екипите беа поделени во две групи, ШК Прилеп настапи во групата А, во друштво со: Гамбит Асеко Скопје, БМ Кисела Вода Скопје и Анпасан-Шипковица. Во групата Б настапија екипите на :МШК Центар од Скопје, ГШК Куманово од Куманово, Алкалоид од Скопје, Фишер од Куманово и ШК,,Ласкер од Охрид.

Во првиот круг од разигрувањето од групата А се пласираа екипите на Гамбит Асеко од Скопје и ШК-Прилеп за кого настапуваа ЖИМ Величковски-Нејковиќ Maja со освоени 2 поени од 3 партии (победа и две реми) и Теодора Велева, која со само 14 години за првпат настапува на сениорски женски клубски шампионат, со скор од 1 победа, 1 реми и 1 пораз.

Со овој голем успех ШК Прилеп се пласира во дополнителното разигрување за првите 4 места заедно со екипите на Алкалоид, Гамбит Асеко сее и Центар – сите од Скопје. Со ова ШК Прилеп по освојувањето на третото место на машката екипа и овој подвиг на женската екипа се вброи во најмоќните клубови во Македонија.
Шахот полека но сигурно се враќа на старите патеки во градот под Марковите кули и по Скопје е најјакиот шаховски центар.

Би можело да ве интересира

Во пожар во куќа две деца се здобиле со изгореници

Пела Редакција

Дали е случајно?! Приказна за момчето од спотот „Secret place“ на Тоше Проески?

Елизабета Филипоска

Планинарски марш – 81 година од Февруарскиот поход

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе