5.1 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

Во спомен на Тоше, 10 маратонци в петок пристигнуваат во Крушево

Денот кога се случи трагичната сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, и  оваа година во спомен на Тоше Проески, вкупно десет маратонци, ќе пристигнат во Крушево во петок, на 16-ти октомври на пладне.

Заради пандемијата, скратена е патеката по која ќе трчаат маратонците. Оваа година маратонот ќе се одржи на територија на Македонија, поточно од преминот Табановце, преку Скопје – до Крушево. Додека пак двајца претставници на маратонците ќе истрчаат симболични 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму ќе положат цвеќе во спомен на музичката ѕвезда.

„И оваа година ќе го одбележиме овој тежок ден за Крушево, државата и Балканот. Ќе ги пречекаме маратонците и заеднички ќе оддадеме почит на нашиот сограѓанин, пејач и амбасадор. Драго ми е што годинава ќе положиме цвеќе на веќе изграденото гробно место и Тоше конечно ќе има достојно почивалиште“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Маратонот, традиционално се реализира во чест на Тоше Проески, почнувајќи неколку години по неговата смрт на 16 ти октомври 2007 мата година. Две години по ред  СОУ „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на Општина Крушево и Локален младински совет Крушево, заедно со други институции, угостители, компании и граѓани оставаа рози за достоинствен пречек на спортистите, на патот каде што поминуваа маратонците, од влезот на градот се до вечното почивалиште на Тоше.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Втора најава за насилно прекинување на протестот кај Оревоец

Избори 2024 Прилеп: Голема победа на Силјановска, пријатно изненадување Максим

Гордана Цветаноска

Зголемен бројот на новозаразени во прилепско

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе