2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Годинава прережување на леб во чест на куќната слава нема да се врши во домовите

Во пресрет на семејните слави, а поради пандемијата со Ковид – 19, Прилепското архиерејско намесништво им соопштува на верниците дека  прережување на лебот во чест на куќната слава нема да се врши во нивните домови, туку исклучиво во православните храмови во Прилеп . Ова одлука  Прилепското архиерејско намесништво ја донесе денеска, со цел  да нема ризици по здравјето на верниците и свештениците.

За таа цел на заслогот пред славата во сите храмови ќе има дежурни свештеници постојано од 07:00 до 17:00 часот, за да нема создавање на гужви во и пред храмовите.

Притоа во апелот се повикуваат верниците при поста на храмовите задолжително да носат маски, да ги дезинфицираат рацете на влезовите во храмовите и да држат растојание од најмалку 1.5 метар.

„Оваа одлука е тешка, познавајќи и признавајќи ја традицијата во град Прилеп за оваа тема, но тоа го налага моменталната здравствена ситуација. Доколку догодина влеземе во мирна здравствена состојба, традицијата на одење во домевите и прережување на лебот за куќната слава, со Божји благослов ќе си продолжи како и до сега“-се вели во сооштението на Прилепското архиерејско намесништво упатено  до вернците

Би можело да ве интересира

(АУДИО ) Симболите на Водокрст и големиот празник Богојавление – Водици

Гордана Цветаноска

Со Господ напред и се плоди нашето племе

Пела Редакција

Македонскиот работник е се’ посиромашен

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе