10.7 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

РК Прилеп му „украде“ бод на Кавадарци

Голот на Мириани Гавашелишвил за реми на РК Прилеп во Кавадарци ги изнанади Тиквешени, а им донесе бод на ракометрите на Прилеп, кои во регуларниот дел од натпреварот имаа еден гол помалку од екипата на Тиквеш.

Кога сите помислија дека натпрварот е решен, по изведувањето на ударот од девет метри, по истекот на 60-те минути од натпреварот , Гавашелишвил, бекот на прилепечани успеа да најде простор и да ја провне топката меѓу блокот на играчите од Тиквеш, со што го изедачи реултаот 25:25 , па прилепчани од ова дерби добија бод, на нивна голема радост.

Екипата на Тиквеш на ова дерби може само да жали што остана без нова победа во Суперлигата,

Дербито во Кавадарци заврши со резултат 25-25, а херој на прилепчани беше грузискиот бек Мириани Гавашелишвил.По пет одиграни кола Прилеп е на третата позиција на табелата со две победи, реми и пораз.

Би можело да ве интересира

Без примен гол – до шампион на Македонија !

(Видео) Ракометна школа за деца на ЖРК Деспина за поставување на женскиот ракомет на повисок пиедестал

Прилепските спортски ветерани формираа здружение

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе