Дека коронавирусот не бира вера, нација, опшествена позиција, ниту возраст, ниту социјален статуст…, говори и објавата на прилепскиот пратеник од редовите на СДСМ, Миле Талевски, кој денеска напиша на својот Facebook профил и ги предупреди своите сограѓани и пријатели да бидат повнимателни кога станува збор за зачувување на сопственото здравје и здравјето на останатите, и им порача да се чуваат во ова време на пандемија
„Почитувани пријатели, би сакал да ве информирам дека синоќа добив позитивен резултат на тестот за Ковид-19. Моментално имам лесни симптоми на болеста и сум во домашна изолација. На сите вас и на вашите семејства, ви посакувам добро здравје. Чувајте го личното здравје и здравјето на вашите најблиски. Само со заеднички напори и дисциплинирано почитување на мерките за заштита од коронавирусот, имаме шанси да го победиме ова зло и да ја задржиме пандемија под контрола.„- објави на својот фејсбук порфил, прилепскиот пратеник од СДСМ, Миле Талевски