1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Тутунарите одлучија – протест в среда

Иницијативниот одбор на групата Македонски тутунари одлучи, в среда (16 декември, вториот ден од редовниот откуп ) од 10 до 12 часот, на Заполшки мост, на магистралниот пат Скопје – Прилеп – Битола, ќе се одржи протест на тутунопроизводителите незадоволни од линијата на проценка од досегашниот предвремен откуп на тутунот.

Протестот бил пријавен во Полиција и ќе се одржи првично 2 часа, а доколку работите не тргнат на подобро и доколку не се договори реална и фер линија на проценка со откупувачите со посредство на ресорното министерство, времетраењето на протестите во наредните денови временски ќе се зголемува  за повеќе часови и на повеќе локации во тутунските региони во Македонија.  

Од иницијативниот одбор најавуваат дека најверојатно утре попладне, во Прилеп ќе дојде ресорниот министер Арјанит Хоџа во обиколка на работата на откупните ваги, кој денеска бил во посета на откупен пункт на „Сокотаб“ во Драчево, Скопје, каде извршил увид на работата на второстепената комисија.

„При посетата, Второстепената комисија во присуство на министерот повторно отвори и процени 12 кутии тутун. При тоа, само во една од оспорените кутии беше утврдено дека има грешка при проценката, односно наместо втора класа, тутунот беше проценет како трета класа“, стои во соопштението до медиумуте од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  во кое се вели дека министерот Хоџа ги повикува  сите учесници во овој процес да бидат трпеливи со најава дека и наредните денови редовно ќе го контролира откупниот процес.

Инаку, утре 15 ти декември е официјалниот старт на откупот на тутунот, до кога сите откупувачи треба да достават финансиски гаранции за преземање на реколтата. За годинешната реколта пријавени се 10 компании за преземање на договорени 23 илјади тони тутун. Проценките се дека реколтата е потешка од договорените количини за околу 1 до 2 илјади тона. Досега, за време на предвремениот откуп преземени се незначителни 300 тони, што е реален приказ на незадоволството од производителите поради ниската линија на проценка од 1 до 2 класи пониско, за која тутунарите велат дека не обезбедува подмирување на производните трошоци.

Би можело да ве интересира

Јанески: Власта не донесе ниту правда ниту мир, време е промени!!!

Пела Редакција

Користење на обновлива енергија за заштита на животната средина визија на Прилеп

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Амбулантата за физикална медицина се поднови со 3 модерни апарати

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе