25.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Повторно опожарено возило во Прилеп

По полноќ, денеска ,11.03.2023 околу 00.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во двор од куќа на ул.„Борка Стеваноски“ во Прилеп, сопственост Б.В.(40) од Прилеп, било опожарено неговото патничко возило „опел инсигниа“ со прилепски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информиат од СВР Битола.

Ова е втор случај на опожарено возило во Прилеп оваа година. Предходно, кон крајот на февруари, во гаража беше опожарено патничкото возило  на прилепска јавна обвинителка.

Би можело да ве интересира

Малолетник тешко се повредил управувајќи мопед

Полицаец од Прилеп одавал службени тајни на адвокат на осумничените

Пела Редакција

Лажни се и денешните дојави за бомби во училиштата и скопскиот аеродром

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе