Четири часа траеше средбата меѓу ресорниот министер Арјанит Хоџа, со претставниците на тутунарите на која беа присутни претставници од Иницијативниот одбор на протестите од групата Македонски тутунари, од Сојузот на земјоделски здруженија, Државниот инспекторат за земјоделство и од откупните компании. Постигната е согласност која што значи продолжување на откупот на тутунот, престанок на протестите со блокадата на сообраќајните патни правци како изминативе денови.Ова е соопштението за согласноста која што содржи 4 точки :
Министерот Хоџа рече дека со тоа е постигнат начелен договор за тоа како треба да се одвива во наредниот период процесот на откуп на тутун.
– Зад овој начелен договор стојат сите откупувачи освен за жал, Сокотаб и други потписници се од иницијативниот одбор на простестите, откупувачи и јас како министер како гаранција на тоа што е постигнато. За жал и тоа што беше укажано од производителите на тутун дека беа посочени одредени елементи од целокупната ситуација, се докажа со тоа што Сокотаб не се согласија да потпишат на ваква заедничка изјава, односно соопштение. Нормално тие треба да ги прашувате која и зошто е целта. Но, едно го кажав јас и како став внатре на состанокот, непречено ќе се одвива откупот, но нормално протестите сега веќе нема да бидат со блокирање на патишта и насочени за цела држава, туку ќе се одвиваат пред компанијата што не се согласува со она што заеднички ние го договоривме вечерва. Таа компанија има договорено околу 7 милиони килограми но, мислам дека и тие имаат време до понеделник да после оваа прес конференција и за тоа вакво јавно и транспарентно искажување на тоа за што сме се договориле, можеби имаат потреба и од дополнителни консултации со нивните шефови, рече министерот Хоџа.
Од Иницијативниот одбор на групата Македонски тутунари се задоволно со постигнатото.
– Сите откупувачи освен Сокотаб се сложија со постигнатиот договор. Линијата да се флексибилизира и дадоа гаранции пред министерот. На договорот се потпишани и откупувачите и Иницијативниот одбор, Здружението и министерот.Нашите протести ќе продолжат пред Сокотаб и пред фабриката во Драгожани и пред откупните пунктови се додека не се согласат на еден ваков договор каде што своерачно ќе се потпишат. Ние повеќе не можеме да бараме од ова, државата гарантира за ова, ако државата не може да биде гарант кој може да биде ? Договоривме флексибилна линија и тоа што е двојка да си оди во двојка, тоа што е кец, да си оди во кец. Значи преодните берби да одат во погорна класа, сега одат во подолна класа. Досега не даваа кец, сега ќе даваат кец. Ако не се придржуваат на тоа ние се враќаме на протести, рече Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на Македонски тутунари.
Протестите прекинуваат викендов, а за од понеделник зависи како ќе се изјасни најголемиот откупувач Сокотаб.